Заврши извлекувањето на групите за 32-те репрезентации на Светското Првенство во Бразил 2014 година. Турнирот започнува на 12-ти јуни и ќе трае до 13-ти јули 2014, кога ќе се одигра Големото финале. Групите се:
Група A: Бразил, Хрватска, Мексико, Камерун
Група B: Шпанија, Холандија, Чиле, Австралија
Група C: Колумбија, Грција, Брегот на Слоновата Коска, Јапонија
Група D: Уругвај, Костарика, Англија, Италија
Група E: Швајцарија, Еквадор, Франција, Хондурас
Група F: Аргентина, Босна и Херцеговина, Иран, Нигерија
Група G: Германија, Португалија, Гана, САД
Група H: Белгија, Алжир, Русија, Јужна Кореја
Бранител на Светскиот пехар е селекцијата на Шпанија, а дебитант од поранешните ЈУ-простори ќе биде репрезентацијата на Босна и Херцеговина.