Индиските власти објавија дека од потонатата подморница извлекле три тела, чиј идентитет треба да се утврди јавува SNN.
Морнарицата објави листа на 18 исчезнати морнари после експлозијата, а нивните семејства почнаа да доаѓаат во Мумбаи. Причината за експлозијата се уште не е позната, а можноста од саботажа не се отфрла.
Нуркачите успеаја да го отворат главниот влез со помош на пумпи за вадење на вода со цел да ја вратат подморницата на површината на водата.
Индиската подморница близу Мумбаи експлодираше во средата. Силната експлозија предизвика пожар, властите јавија дека во подморницата останале заробени 18 морнари.
После тоа беше објавено дека има мртви но бројот не беше прецизиран.
Подморницата е стара 16 години и е од руско производство. Неодамна Индија направи ремонт и ја надогради, вложени беа 80 милиони долари.