НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Извојувана битка за трансродовите лица во Македонија

0
By Нова ТВ on January 24, 2019 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лицето Икс веќе нема да се вцрвенува секогаш кога на шалтер пред гужва од непознати луѓе, ќе биде прашано „дали си маж или жена„ и „зошто изгледаш како маж, кога во личната карта пишува дека си жена“.

Тоа е благодарение на Европскиот суд за човекови права во Стразбур кој пресуди во корист на трансродовото лице „Икс“ кое ја тужеше Македонија поради повреда на правото на приватност и на неефикасен правен лек во земјата.

Судот ја уважи тужбата врз основа на членот осум на Конвенцијата за човекови права што се однесува на повреда на правото на приватност и изрече казна од девет илјади евра нематеријална штета која државата ќе треба да му ги исплати на лицето „Икс“ поради претрпен стрес.

– Во Македонија сé уште има судии што се исмеваат со родовиот идентитет на луѓето кои се обратиле токму во судовите да побараат заштита на нивните права – вели Наташа Бошкова која е адвокатка на лицето Икс, кое го доби случајот против Македонија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

За жал, просечнот човек во Македонија на овој случај не би реагирал многу поинаку и веројатно би дал коментар „што им е пак сега на овие, покрај сите проблеми во државава, со ова ли се занимаваат“. Коментарот секако би бил проследен со низа омаловажувачки и погрдни зборови.

Поразговарав со човекот Икс кој од разбирливи причини сака да го зачува својот идентитет во тајност.

Која е вистинската причина поради која го покренавте овој случај?

– Цврсто сум уверен дека како и сите други граѓани, имам право на лични документи кои го одразуваат мојот идентитет, и дека со тоа треба да добијам еднаков пристап до сите права, добра и услуги, за да можам да живеам нормален, квалитетен живот. Тоа е во сржта на постапката. Треба да имам секојдневие без потсмев, без објаснувања пред цела чекална, без дискриминација, без навреди, без бркање. Никој на светов не може да ме убеди дека не го заслужувам тоа како и секој друг човек. Зад тоа стојам толку цврсто што ниту една институција нема да застане на мојот пат. Случајот ќе се реши, закон ќе се донесе и праксата ќе се воспостави.

Кој настан или кое искуство од вашиот живот ве мотивираше да го изодите сиот овој пат од македонските судови, па се до Стразбур?

– Премногу искуства има. Премногу пати сум бил предмет на смеење, потпрашување, омаловажување. И во семејството порано, и во институции, и во јавен простор. Тој несклад во документите ми создава проблеми секаде. Мотивиран сум максимално затоа што сум вложил во своето знаење и образование, се трудам колку што можам, и имам трпение да стигнам до правда. Патот низ македонските институции беше ужасно долг, но со толку прекрасна екипа како Коалиција Маргини, сѐ изгледа полесно. Чувствував дека можам и морам да одам до крај. Нема тука компромис. Решението за случајот и донесување закон е клучен приоритет, како за мене така и за сите други транс луѓе, кои за жал живеат сосема скриен живот и секој ден се борат да преживеат.

 Дали сте задоволни од пресудата, или сепак чувствувате горчина што правдата моравте да ја барате во странство, а не ја добивте дома?

– Секако дека сум огорчен што тоа не се реши тука. Огорчен и гневен, но тоа се силни мотиватори со кои полесно се оди напред. Доколку почнам да опишувам примери за ситуации, ќе добиете јасна слика за тоа колку е површен и дисфункционален нашиот систем кога се работи за маргинализираните групи. Уште при првото поднесување на барањето добив коментар: „Што ќе ти е адвокат, не ти треба. Нема проблем.“ Поголема лага не сум чул. Еве сум, седум и пол години подоцна. Чувствувам како животот да ми стагнира на многу полиња. Не можам да се остварам затоа што непријатни искуства има на секој чекор.

Какво беше вашето искуство со судиите што беа вкучени во спорот пред судот во Македонија?

– Благодарение на неверојатната Наташа Бошкова, која го води случајот, јас немав директен контакт. Постапката е управна и судот одлучи врз основа на документацијата. Тоа беше една моментална светла точка што покажа дека нема соодветни процедури и нема доследност на праксата. Лично бев само да ја подигнам пресудата, имаше позитивни коментари. Меѓутоа, сепак и во таа и во многу други ситуации сметам дека непознавањето на оваа група луѓе прави компликации во перцепциите. Зборувам општо, не зборувам само за судот. Луѓето во Македонија мислат дека транс мажите изгледаат како жени, и обратно. Кога би знаеле дека ефектите од медицинската транзиција значат целосна промена, би знаеле дека на лице со 100% непогрешлив машки изглед и машко име, а документи со буква Ж и 455 би му правеле страшни проблеми.

На кој начин, пресудата во ваша полза ќе ви го олесни животот?

– Би било ли премногу кога би рекол „на секој начин“? Буквално не постои институција во која не сум морал пред полна чекална да се објаснувам и да добивам гласни коментари „Ама матичниот број ти е женски!“ „Операција имаш правено?“ „Чекај, што е сега кај тебе проблемот?“ „Не си ти ова!“ и смеење цело време. Давам сѐ од себе за да живеам барем малку од малку подобро. Ама ете. Не можам без проблеми да добијам здравствена услуга. Не можам да патувам со пријатели кои ги имам запознаено по медицинската транзиција. А и без тоа сум имал проблеми на граница. Па треба ли да ми бидат ограничени огромен дел од правата затоа што некој не разбира дека треба да се регулира ова прашање? Одбивам да бидам игнориран. Имам права. Рамноправен граѓанин сум. Закон за правно признавање на родот мора да се донесе врз основа на самоопределување! Барањето медицински интервенции за промена на документите го напаѓа телесниот интегритет на транс луѓето, а тоа е уставно заштитена категорија. Од државата очекувам да го почитува Уставот. Алтернатива нема.

Икс на сите трансродови лица во Македонија им порачува дека имаат право да бидат свои и да одат напред, бидејќи меѓусебната поддршка и солидарноста прават чуда.

 

Македонија дава напор да напредува 

Адвокатката Наташа Бошкова вели дека преку ратификацијата на меѓунардните договори од страна на Македонија, како и во процесот на усoгласување на националното законодавство со европското, се забележува подобрување на законската рамка во однос на родовите прашања.

– Секако,потребни се уште дополнувања, појаснувањa и осовременување на законите со меѓународните стандарди. Се уште законите не обезбедуваат родова еднаквост во сите области. Имено, законите со кои треба да се промовира родовата еднаквост или да обезбедат заштита на жените од насилство, дискриминација не ги препознаваат интерсекциските фактори што влијаат врз жените и им го отежнува нивнит пристап до правдата. Меѓу другото, ова се однесува и на трансродовите луѓе кои се отсутни од законите. Неодамна, Кривичниот Законик беше дополнет со дефиниција за дело од омраза каде родовиот идентитет е основа која може да биде мотив за извршување на кривично дело. Исто така,  Законот за аудио и аудиовизуелни услуги е дополнет во делот на посебни забрани за емитување на програми со кои се поттикнува омраза, нетрпеливост и дискриминација врз основа на родовиот идентитет. Ова не е доволно за да се обезбеди ефикасна заштита на правата на една од најмаргинализираните заедници- транс луѓето. Всушност минатонеделната пресуда на ЕСЧП најдобро ја илустрира состојбата со законската рамка во врска со трансродовите луѓе. Во пресудата, судот укажува на празнините, јазовите и сериозните недостатоци кои го довеле конкретното транс лице, но се разбира и останатите транс луѓе, во ситуација на стрес и несигурност во признавањето на неговиот родов идентитет – вели Бошкова.

Според Бошкова постоењето на законска рамка е само еден сегмент, додека многу позначајна е праксата и начинот на кој законите се спроведуваат.

– Имено, ЕСЧП потенцира дека во Македонија отсуствува закон, но и значајна пракса за правно признавање на родот. Она што е проблематично е произволното толкување и применување на постојните одредби што резулитраа со различни одлуки во исти или слични ситуации. Повеќето од нас се сеќаваат на двете пресуди на Управниот суд од 2017 година со кои се овозможи правно признавање на родот на две транс жени. Во меѓувреме, управата за водење на матичните книги во повеќе случаи донесе одлуки со кои се прогласи за ненадлежна да одлучува за ова прашање.

Во однос на судската заштита треба да сме свесни дека сé уште има судии што се исмеваат со родовиот идентитет на луѓето кои се обратиле токму во судовите да побараат заштита на нивните права. Досега, благодарение на судечкиот совет во Управниот Суд што ги донесе пресудите во 2017 година може да кажеме дека сепак има судии кои и во отсуство на јасен закон ја применија праксата не ЕСЧП и донесоа историски одлуки – вели Бошкова.

Бошкова вели дека во моментот десетина транс луѓе се во различни фази на постапката за правно признавање на родот и се соочуваат со истата бариера со која Икс се соочува со години.

 

Помеѓу општеството и државата, помеѓу притисокот и себе

Живееме во век во кој секоја сексуалност поразлична од хетеросексуалната е стигматизирана. Поради тоа лицата од ЛГБТИ заедницата се мета на силен општествен притисок кој не е лесен да се поднесе.

На оваа тема поразговарав со Тина Дамеска, екс Доковска, која е психолог, семеен и системски психотерапевт во Промедика Медикал Центар.

Дали сте имале клиент кој побарал психолошка помош од вас поради тоа што се соочува со проблеми поради сексуалната ориентација?

– Да, клиентите доаѓаат поради различни потешкотии врзани со својата сексуалната ориентација. Некогаш тоа се млади лица кои се во фаза на себе-спознавање и се уште експериментираат со сопствената сексуалност и го градат својот идентитет и овие силни чувства ги преплавуваат и збунуваат.

Понекогаш тоа се лица кои поради страв од осуда или некои други непријатности, никогаш и со ниту еден близок член во својот живот (сеедно дали се тоа членови на семејството или пријателите) ја немаат споделено личната тајна која понекогаш знае да претставува навистина голем товар. Понекогаш тоа се партнери/партнерки кои едноставно имаат различни ставови, идеи, потреби и очекувања за тоа како треба да изгледа нивната врска.

Која е просечната возраст на која луѓето кои се хомосексуалци најчесто решаваат да излезат од плакарот?

– Во споредба со претходниот период, во последниве години оваа просечна возраст е со наклонетост кон опаѓање. Хомосексуалните лица сè порано се чувствуваат спремни и идејата да „се откријат“  сè порано им созрева. Очигледно е дека условите во светски рамки се променети, а тој бран се чувствува и кај нас. Следствено на ова, овие луѓе се чувствуваат повеќе безбедно, прифатено и подготвени на овој чекор, а тоа најчесто е во периодот на адолесценција. Иако нема строги правила, тоа е само просек. Секако, ги има оние кои од различни причини никогаш не се осмелуваат на овој чекор во опкружувањето во кое живеат, и едноставно решаваат да заминат од земјата бидејќи за нив тоа претставува најприфатливо решение.

Се случило ли некој да побара психолошки третман (за себеси или за роднина) категоризирајќи ја хомосексуалноста како психолошка болест?

– Секако, се случува да дојдат клиенти кои на хомосексуалноста гледаат како на болест, како на мода или тренд, или пак, како на „минлива фаза“ од сексуалниот развој. Но, има и такви кои на хомосексуалноста гледаат како на сексуална ориентација.

Она што е важно да се напомене е дека не ретко се случува и едните и другите да споделат дека се чувствуваат збунети, исплашени, несигурни, разочарани и така натаму.  Се случувало да дојдат клиенти кои не знаат како да се справат со сопствениот емоционален одговор на сознанието дека нивното дете, внук, брат или сестра е геј. Некогаш тоа е тага или разочараност поради неисполнети очекувања, на пример, баби и дедовци кои очекувале зет/снаа и внуци и целата идилична слика која оди позади таа приказна, а некогаш тоа е очекуван страв и загриженост за иднината, како тој семеен член ќе биде прифатен од сите членови, како на потесното така и на поширокото семејство, и она што ги загрижува највеќе е како тој член ќе биде прифатен од страна на заедницата.

Стручните лица тука посветуваат големо внимание на психо-едукација на семејните членови и работат како поединечно со клиентите, така и со останатите семејни членови во насока на подобрување на квалитетот на животот.

Дамеска констатира дека на крајот, како и за сите други клучни работи во животот на еден поединец, потребна е поддршката од семејството и пријателите, односно здрави и стабилни меѓусебни односи кои нѝ обезбедуваат поголема емоционална стабилност, смиреност и исполнетост.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.