Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Извозени Скопјани

0
By Zoran Ivanov on November 4, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 4, 2025 11:06

Јасно е само дека Скопјани ќе почекаат на ветувањето на вмровскиот нов градоначалник. Извозена била и коалицијата, а не Скопјани. Еве и коалицискиот Мемов убаво им кажува дека Вреди го изиграл ВМРО-ДПМНЕ во Скопје и не гласале за Орце. Тоа било ептен голема грешка, дури и ЗНАМ платил огромна цена за поддршката на кандидатите на Вреди. Очекувале само почит за тоа, ама вели не ја добивале. И немало да им заборават!

Жанета Ќосе

Скопјани очигледно не научија од старите лекции, повторно наседнаа на предизборните манипулации, празни ветувања и слатки зборови што се слушаат само додека трае кампањата. И покрај тоа што градот одамна чека вистинска визија, наместо конкретен план добива само нови ветувања за „брз, чист и модерен“ јавен превоз, за „зелен град“ и „нова енергија“. Секој нов кандидат се претставува како спасител, а граѓаните, со секој следен изборен циклус, како да забораваат колку пати се возеле по истиот пат на разочарување. Изгледа дека и овојпат Скопје не гласаше за подобра иднина, туку за ново разочарување, обвиено во шарени банери и убави зборови!

Она што го покажа последниот изборен резултат е уште повознемирувачко. Орце Ѓорѓиевски ја доби најмалата поддршка во историјата на градоначалничките избори во Скопје, само 95.572 гласови. Помалку дури и од „независниот„ Трифун Костовски во 2005 година со 96.180, од ВМРО-ДПМНЕ-овите Коце Трајановски во 2009 со 112.331 и во 2013 со 124.455, како и од нивната Данела Арсовска во 2021 со 118.792. Ниеден од нив, пак, не успеа да ја достигне поддршката што ја имаше Петре Шилегов во 2017 година, дури од 141.164 Скопјани. Токму тој, „арогантниот„ Шилегов, само четири години подоцна беше казнет од истите тие граѓани, а денес ќе имаше готов БРТ-систем, со брз, навремен и точен превоз. Се сеќавате на народната „те превезе жеден преку вода“? Ете така изгледа Скопје утрово, втор ден по изборот на новиот градоначалник, град на луѓе што нервозно чекаат на автобуските постојки, а автобуси нема!

Одговорот дека Орце уште не седнал во новата фотелја, па министерот Николоски здружно со премиерот Мицкоски да му набават 80 нови автобуси, едноставно не се прифаќа. Во ЈСП требаше да знаат дека нивната сила доаѓа и вчера и денес да ги наградат Скопјани со редовен градски превоз. А не да киснат на дождот тие кои што ги изгласаа со двете раце. За подобро Скопје, за Скопје со нови автобуси, БРТ и воз по кејот!

Јасно е само дека Скопјани ќе почекаат на ветувањето на вмровскиот нов градоначалник. Извозена била и коалицијата, а не Скопјани. Еве и коалицискиот Мемов убаво им кажува дека Вреди го изиграл ВМРО-ДПМНЕ во Скопје и не гласале за Орце. Тоа било ептен голема грешка, дури и ЗНАМ платил огромна цена за поддршката на кандидатите на Вреди. Очекувале само почит за тоа, ама вели не ја добивале. И немало да им заборават!

Политичкиот дискурс на Скопјани по изборите станува се поироничен и покритички, огледало на реалноста во која владејачката коалиција изгледа како несигурен сојуз од интереси, а не како стабилен политички проект. Наместо обединета порака за заедничко управување со градот, јавноста гледа отворени обвинувања, јавни потфрлања и меѓусебни пресметки меѓу партиите што треба да ја водат иднината на државата, но и на Скопје. Таа комуникациска дисонанца создава впечаток дека секој игра за себе, а не за граѓаните, што ја поткопува довербата и кај сопствените поддржувачи. Скопјани, кои одамна научија да „читаат меѓу редови“, сега го гледаат распадот на коалицискиот морал како нова политичка претстава во која повторно, како и секогаш, тие се единствената публика што плаќа цена!

Од комуникациски аспект, оваа ситуација претставува класичен пример на лошо управување со очекувањата на јавноста. Во политичката комуникација, првите денови по изборите се клучни за одржување на довербата и за создавање впечаток дека „работата почнала веднаш“. Наместо тоа, Скопје доби молк, конфузни пораки и меѓусебни препукувања меѓу институциите, слика која само ја зацврсти перцепцијата за некомпетентност и неподготвеност. Граѓаните не бараа чуда, туку минимална организација и чувство дека некој навистина управува со градот. Во комуникациската стратегија, тоа се нарекува „прва можност за доверба“ – а кога еднаш ќе се пропушти, тешко се обновува!

Црногорскиот Његош бил во право, на мака се познаваат јунаците!

Жанета Ќосе колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.