Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Извршниот одбор на СДСМ треба да ги утврди роковите за внатрепартиски избори за ново раководство и за отчетниот конгрес

0
By Ана Василевска on May 27, 2024 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во седиштето на  СДСМ на Бихаќка, во тек е продолжение на седницата на Извршниот одбор на која надлежните комисии треба да ги презентираат правилникот и роковникот за предвремените внатрепартиски избори за претседател и раководство на партијата и за организрање на отчетниот конгрес.

-Денес имаме состанок на Извршен одбор кој што е практично продолжение на Извршиот одбор од минатата недела на кој што работните групи задолжени за организирање на конгресот треба да дојдат со конкретни роковници, изјави пред почетокот на седницата Димитар Ковачевски кој ја депонираше оставката од лидерската позиција минатата недела по поразот на претседателските и парламентарните избори.

Прашан дали ќе се кандидира за нов мандат за претседател на партијата, Ковачевски отсечно одговори дека нема да се кандидира.

Сања Лукаревска која поднесе оставка од функцијата заменик-претседател на партијата, очекува на седницата да се утврди патот напред во смисла на утврдување на претстојните чекори, кои подразбираат одржување на Централниот одбор, отчетен конгрес и отпочнување на процедура за кандидирање на претседател на СДСМ.

Фатмир Битиќи кој исто така поднесе оставка од потпретседателската функција во СДСМ, прашан дали планира да поднесе кандидатура за челната позција, вели,  дека е се уште рано за тоа.

-Се уште е рано, сметам дека секој еден социјалдемократ денеска е фокусиран во иднината на социјалдемократијата. Тоа е најбитно, а за функциите, секако, членството одлучува кој е најдобриот избор, вели Битиќи.

И Петре Шилегов, смета дека е се уште рано да се разговара за кандидатура и оти приоритет е како да се запрат, како што вели, ретроградните процеси кои се веќе започнати во општетството.

– Мислам дека е се уште прерано воопшто да се разговара за тие процеси. Моето лично размислување е дека СДСМ во периодот кој следи треба да се врати кон корените на сопствените политики, повторно да стане привлечно тело за прогресивниот дел од македонската јавност затоа што некои процеси кои се веќе започнати во нашто општество се и тоа како ретроградни  и т, и тоа како можат да ја вратат државата назад. СДСМ како и секогаш мора да биде исправен пред тие предизвици со цел да го спречиме ретрпградниот процес во македонското општетство, вели Шилегов

На новинарско прашање и спикерот на Собранието и член на СДСМ Јован Митрески, пред седницата изјави дека нема намера да се кандидира за претседател на партијата позиција во партијата.

Славјанка Петровска и Јован Деспотовски веќе потврдија дека планираат да поднесат кандидатура, а во медиумите како можни кандидати за претседател на СДСМ се спомнуваат и Венко Филипче и Стефан Богоев.

На седницата на 22 мај Димитар Ковачевски и формално поднесе оставка од лидерската позиција.

Извршниот одбор на СДСМ  ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на јуни во транспарентна и демократска постапка.

– Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ. Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка, информираа  од СДСМ.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, како што информираа од партијата, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со оглед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови.

Внатрепартиски извори СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

ВЕСТИ November 10, 2025

„ИПАРД 3 е програма за периодот 2021–2027, чија цел е модернизација на земјоделството, развој на…

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.