Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ја закопал мајката во двор оти нема пари за погреб

0
By Сашка Цветковска on February 22, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, February 22, 2013 15:31

Полицијата поднесе кривична пријава за сквернавење на умрен против битолчанецот кој си ја закопал мајка му во дворот оти немал пари да ја закопа. Соседите на човекот од битолскот село Егри забележале дека жената ја нема, по што пријавиле во полиција.

Распитот на истражниот судија покажал дека жената починала на 17 Јануари од ненасилна смрт. Синот на жената кажал дека немал пари да и направи погреб на мајка си, а соседите во разговорите со полицијата потврдиле дека семејството е многу сиромашно и веројатно се срамеле дека не се во можност да направар погреб.

Според социолозите, овој случај е уште една тажна илустрација за социјалните состојби во земјава. Професорката Татјана Стојановска – Иванова ги повикува институциите да бидат многу повеќе вклучени во овие проблеми.

“Бедата не ги прави луѓето сами по себе нечовечни, но ги приморува да отстапат од својот вредносен систем поради притисоците од неможноста да се живее нормален живот во економска смисла. Овој случај, да се закопа сопствената мајка во дворот поради немаштија е илустрација за алармантноста на социјалните и економски состојби.

Тоа не значи дека тој не ја почитувал својата мајка, но едноставно немал можност да го направи тоа на достоинствен начин. Е тука треба да се вклучат инстутициите, центрите за социјална работа, невладините организации кои се занимаваат со социјална инклузија, и секако, религиските заедници кои не смеат да ги занемаруваат ваквите случаи”, вели Стојановска – Иванова.

Погребот може да ги чини граѓаните и до петстотини евра. Доколку умрениот добивал пензија, државата ги надоместува трошоците за погребување. Сепак, семејствата треба најпрво да платат, а потоа да ги чекаат парите назад. Сведоштвата на соселаните укажуваат на тоа дека станувало збор за семејство кое живеело во голема беда.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.