Недоразбирањата треба да се решат институционално според правилата на ЦЕФТА, со ваков став ги повика Атифете Јахјага, претседателката на Косово владите во Приштина и во Скопје да најдат заедничко решение за да се нормализира слободниот проток на стока и луѓе меѓу двете земји.
„Косово и Македонија се во процес на евроинтеграција и за да ја постигнат таа цел треба меѓусебно да си помагаат. Слободното движење на луѓе и стока е еден од основните предуслови за добри меѓусоседски односи и евроинтеграции“, изјави Јахјага по средбата во Приштина со словенечкиот пртседател Борут Пахор.
Како што информираше НОВА македонската владина седница за новонастанатата ситуација на македонско-косовската граница траела до четири часот утринава но, се уште нема конкретна одлука за тоа што ќе се преземе за да се надмине блокадата на Блаце каде веќе втор ден може само пешаци да поминуваат преку граница.
Косовската влада вчера ги повика своите граѓани да избегнуваат да патуваат во Македонија сем во итни случаи.




