Published: Friday, January 31, 2014 13:23
Радмила Шекеринска три дена по ред да одбива да дадете одговор на основни прашања, тоа е прекумерна дрскост и омаловажување на јавноста, изјави пред новинарите Светлана Јакимовска од ВМРО – ДПМНЕ.
„Ние побаравме да кажете како е возможно да издавате сопствен стан за да живеете сами во него и да и објасните на јавноста како е можно да наплаќате по 5 317 евра месечно за кирија за стан кој не вреди повеќе од 800 евра. Вие одбивате да одговорите и со тоа само покажувате дека признавате дека сте фатени на дело во нереални финансиски односи кој вам ви создаваат екстра приход од 10 716 денари секој ден“, рече таа.
Според Јакимовска, Шеќеринска треба да ја каже вистината за фотографиите од луксузниот нов џип во кој често се вози.




