Граѓанската опција за Македонија – ГРОМ, партијата на чие чело е актуелниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, денеска објави дека добил 14 советници во неколку општини во државава.
„До овој момент во ГРОМ пристапија 14 советници од други политички партии и независни советници. Денеска сакам да ви ги соопштам имињата на членовите на советите кои ѝ се приклучуваат на Граѓанската опција за Македонија. Тоа се госпоѓата Душица Сеизова-Јовановиќ, досега независен советник во Советот на Куманово, од каде ни се приклучува и д-р Драги Караџиски, исто така независен советник. Бобан Младеновски, досега член на Српската напредна странка, советник во Старо Нагоричане, отсега ѝ пристапува на ГРОМ, како и Љупчо Настоски, досегашен независен советник во Советот на Охрид. Од Советот на Росоман, ни пристапува Спасе Ристевски, досега член на СДУ, а од Побиштип – советникот Горан Ефремов, кој беше член на НСДП. Од Кавадарци ни пристапуват двајца независни советници, Димтар Жарков и Златко Јованов, а од Советот на Кисела Вода ни се приклучува д-р Чедомир Саздовски, досегашен член на СДУ. Во ГРОМ се вклучуваат и петмина советници од Карпош, кои досега ја претставуваа Српската напредна странка, а тоа се д-р Зоран Поповски, д-р Добрила Андоновска, Дејан Димковски, Горан Михајлов и Роберт Живадиновиќ“, истакна Јакимовски.




