Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јакимовски: Менувајте ги шапките, но и мислењето

0
By Нова ТВ on April 7, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 7, 2014 11:50

Четиринаесеттиот митинг на ГРОМ, кој вчеравечер се одржа во Богданци, на граѓаните на оваа општина им ги претстави претседателскиот кандидат на коалицијата, проф. д-р Зоран Поповски, и кандидатите за пратеници од четвртата изборна единица, на чија листа предводник е Панчо Минов.

Прв на богданчани им се обрати Гоце Петрушев, претседателот на Општинската организација на ГРОМ – Богданци, кој пред своите сограѓани зборуваше за секојдневието за кое Граѓанската опција за Македонија нуди нова визија.

Богданци тоне, пропаѓа, Богданци некој го распродава. Но, со ГРОМ нема да биде така зашто таа исправно гледа на развојот на секоја општина еднакво – подвлече Петрушев.
По него, носителот на листата во изборната единица 4, Панчо Минов, организациски секретар на ГРОМ, порача дека ГРОМ е неопходност за Македонија, за да се стави крај на сиромаштијата, недемократијата, недостоинствениот живот, неинтегрираноста во Европската Унија и во НАТО… Минов во целост ја претстави и изборната програма на ГРОМ, осврнувајќи се особено на земјоделството.

Еден од приоритетите на ГРОМ е да обезбеди евтин земјоделски производ за напредок на земјоделството во целост. Тоа ќе се постигне со укинување на данокот за земјоделска дејност, укинување на водниот надомест, акцизите и данокот на додадена вредност за нафтата, семенските материјали… Така се создава евтин и кокурентен земјоделски производ и богата трпеза за нашите граѓани – истакна Минов.

Пред богданчани говореше и кандидатот за претседател од коалицијата ГРОМ, проф. д-р Зоран Поповски, кој на граѓаните им порача дека ќе биде нивни мегафон и адвокат и нема да дозволи тие да талкаат од врата до врата.

Во изборната единица 4 направивме навистина добра листа за кандидати за пратеници, на која зад Панчо Минов застанаа 19 навистина извонредни луѓе кои заслужуваат шанса – рече Поповски.

Лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, последен им се обрати на членовите и симпатизерите, но и на граѓаните на Богданци. Тој ги коментираше впечатоците од ТВ-дуелот на претседателските кандидати и истакна дека анкетите покажуваат големо задоволство кај граѓаните од настапот на кандидатот за претседател од ГРОМ, Зоран Поповски. Јакимовски зборуваше и за актуелната понуда во кампањата на конкурентите и изрази мислење дека по 20 години менување на двете големи политички опции на власт, на граѓаните им е тешко да веруваат во нивните ветувања.

Деновиве некои партии даваат отчет за сработеното пред граѓаните. Институциите се тие што треба да дадат отчет, а не партиите! Институциите треба да имаат континуитет, стабилност и тие да им служат на граѓаните, а не на партиите – истакна Јакимовски.
Тој, исто така, подвлече дека граѓаните ги очекува уште една кампања полна со ветувања, манипулации, лаги…

– Ќе ви доаѓаат разно-разни месии, ќе ви нудат разно-разни посластици. Каква шапка и да ви понудат, земете ја, ставете ја на глава, но никако не менувајте го тоа што ви е во главата. Никако не менувајте го своето мислење и на 13 и на 27 април излезете и гласајте според сопственото убедување – порача за крај Јакимовски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 30, 2026

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

ВЕСТИ June 30, 2026

Македонската репрезентативка, членка на Велосипедскиот клуб „Енерџи“ и актуелна државна шампионка во планински велосипедизам, Дуња…

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

June 29, 2026

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.