Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јакимовски: Сакале или не, плоштад во Влае ќе има

0
By Нова ТВ on November 4, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 4, 2013 18:35

Сакале или не, плоштад во Влае ќе има. „Ем СДСМ-овчиња, ем мангупчиња“, ем прават опструкции-ем држат пресови. Згора на се уште бесрамно прашуваат дали Стевчо Јакимовски ќе го оствари своето ветување?! Па кој ќе ви поверува во овие манипулациии? Има ли нешто што Стевчо Јакимовски ветил, а не остварил? Нема! Затоа и ужива толкав рејтинг кај своите сограѓани, реагира градоначалникот на општина Карпош откако од СДСМ побараа одговор „ Каде е паркот што требаше да чини половина милион евра?“.

Во реакцијата на Јакимовски се вели апсолутен шампион во лажење на народот и во неостварени ветувања е токму СДСМ.

Ви ја пренесуваме реакцијата интегрално:

„Заборавате дека СДСМ ветуваше вработување на по еден член од секое семејство, при што не само што не вработи, туку отпушташе по 4% годишно.

СДСМ има два големи споменици на своите лаги: Едниот се вика железничката пруга кон Бугарија, а вториот автопатот Велес-Бабуна-Прилеп и уште дузина други.

Многу ми е жал што СДСМ влегува во сопствената замка. Плачете дека е октроиран медиумскиот простор, а не кажувате на колку медиуми е објавена вашата конференција за печат, а на колку одговорот на Стевчо Јакимовски. Одговорно тврдиме дека нашата реакција е пратена до сите медиуми истовремено, а кој ја објави е работа на професионалниот кодекс. Оттука се гледа кој ги контролира медиумите, дали СДСМ, дали ВМРО-ДПМНЕ или ГРОМ? Направете прес клипинг па проследете го до оние на кои постојано им плачете дека сте медиумски опструирани.

Што се однесува до тоа која фирма ќе работи, на тендер одлучува Законот, а не градоначалникот. Веројатно туке лесно паѓате во забуна поаѓајќи од искуството на вашиот лидер Зоран Заев кој тендерите ги дава на свои блиски и роднини, па мислите дека тоа е можно и во нашата општина. Со целосна одговорност тврдиме дека кој ќе добие работа одлучува Законот, а општината само ја води процедурата.

Во конкретниот случај спомнатата фирма „Сандра инжињеринг“, чиј сопственик е ваш член, поради кој имавме предмет пред Антикорупциската комисија ги исполни условите утврдени со закон за да ја добие изградбата на плоштадот во Влае. Но, таа фирма со закон имаше обврска до 15 март да ги завши работите. Ако веќе толку сте загрижени за жителите на Влае зашто не одржите прес пред неговата фирма или да го прашате лично зошто не го сработил добиеното. Општина Карпош по неколку средби и писмена преписка со фирмата го раскина договорот. Неисполнувањето на обрските беше смислена опстукција на СДСМ по одлуката на градоначалникот Јакимовски самостојно да оди на избори, надевајќи се дека на тој начин ќе му се зголема шансите на однапред загубената приказна Андреј Петров.

Ваква слична опструкција направи и Вашиот пријател од „Урбан Инвест“ со плоштадот кај Млечен ресторан, чиј договор исто така го раскинавме, а граѓаните на Карпош и Скопје сега го имаат најубавиот плоштад во Скопје. Така ќе биде и со плоштадот во Влае. Граѓаните на Влае точно знаат дека Јакимовски ги реконструираше улиците Сливовска, Кленоец, Мраморец, Владимир Каваев,Бабуна,Есперанто, Ботун, Белишка, Новопроектираната зад „Тинекс“, изгради два километри фекална и атмосферска канализација и целосно го реконструираше основното училиште „Димо Хаџи Димов“. За 5,5 години градоначалствување на вашиот Андреј Петров не е прашање што тој (не)сработил во Влае, туку дали удрил барем една шајка.

Сакале или не , плоштад во Влае ќе има и покрај сите опструкции од СДСМ“, се во реакцијата на градоначалникот на општина Карпош.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.