Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јакимовски: Слушнавме најави за бомби, а во Универзална било „фијаско“

0
By Нова ТВ on March 11, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 11, 2015 16:34

Според лидерот на Граѓанската опција за Македонија, Стевчо Јакимовски, СДСМ и коалиционите партнери вчера во Универзална сала одржале „реалити шоу“.

– Господинот Зоран Заев во изминатите шест месеци, го држи граѓанството на Република Македонија под тензија со наводните негови поседувања на снимки со кои ќе објави тежок криминал на владејачката гарнитура. Поточно, станува збор за најавите за тоа како се украдени пари во оваа држава, со снимки со кои ќе објави податоци за убиствата кај Смилковско езеро, и за тоа како во оваа држава се украдени фамозните 150.000 гласови. Колку што слушам, вчерашното „реалити шоу“ доживеало фијаско и колку што успеав да дознаам, објавувани се снимки со некои наводно мои разговори со директорот на УБК, нагласи Јакимовски.

Тој од седиштето на ГРОМ денеска потенцираше дела смета дека Заев „приказната ја започнал со тезата дека тој и опозицијата се прислушувани од страна на власта, а досега освен неговиот разговор со ќерка му, не видел ниту еден разговор на Заев“.

– Да потсетам, тој исто така е власт и тоа во локална самоуправа, и оттаму, не само граѓаните на Струмица, туку и сите имаат право да знаат за каков владател станува збор, рече Јакимовски.

Градоначалникот на Карпош вели му давал дозвола и овластување на Заев да го објави разговорот воден меѓу нив двајца на 14 февруари 2013 година, во 14.40 часот и исто така да ја објавел пораката која Заев му ја упатил во 01:30 часот по полноќ на 17 февруари.

– Првенствено заради тоа СДСМ да види за каков лидер станува збор. Она што мислам е, дека конечно, треба со оваа фарса да се привршува. Секаде во светот шпионите прво се апсат па потоа се води истрага. Ова премногу долго трае и сметаме дека надлежните судските органи во Република Македонија конечно треба да ги преземат чекорите кои треба, за целиот циркус што го прави господинот Заев конечно да заврши и да има институционална разрешница, надополни Стевчо Јакимовски.

Одговарајќи на новинарско прашање дали ја слушнал изјавата која била пуштена од Заев за него, лидерот на ГРОМ рече дека не ја слушнал, но снимките кои на криминален начин ги поседувал претседателот на СДСМ, требало да се расчистат во суд.

-Би било ред малку да го слушнеме и неговиот глас, односно како тој се однесува во приватни разговори и како ги условува другите етнички заедници во Република Македонија, изјави Стевчо Јакимовски, претседател на партијата ГРОМ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 18, 2026

Брисел: Марко Маковец во името на ЕУ ќе го мири Балканот

ВЕСТИ July 18, 2026

Европската комисија го назначи словенечкиот дипломат Марко Маковец за главен советник за помирување и нормализација…

ЕК за Македонија: Мешање и притисок врз судството

July 17, 2026

УНЕСКО: Толку беше – Охрид во опасност

July 17, 2026

САД напаѓаат Иран возвраќа – нови удари врз ирански цели и американски бази

July 16, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.