Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јакимовски со контра кривична пријава за министерот Спасовски

0
By Нова ТВ on March 19, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, March 19, 2016 15:57

Лидерот на партијата ГРОМ и градоначалник на општина Карпош Стевчо Јакимовски денеска соопшти дека поднесува кривична пријава против министерот за внатрешни Оливер Спасовски.

– Нивната кривична пријава беше донесена во очај, додека нас не не обзема никаков триумфализам, напротив, во една сталожена тридневна консултација со правни експерти одлучивме да поднесеме кривична пријава против министерот за Внатрешни работи, г-динот Оливер Спасовски, и тоа за сторени две кривични дела. Едното кривично дело е за злоупотреба на службената положба и овластување, а другото е сторено според законот за спречување на судир на интереси.

Злоупотребата со искористување на службените должности и овластувања е извршена затоа што во својство на службено лице се водел од лични и политички интереси во организирањето на протестот. Извршил злоупотреба со пречекорување на службените овластувања затоа што на ден 15.03. 2016 организирал приватна партиска забава или протест во кој што и самиот учествувал, вели Јакимовски.

Според Јакимовски, министерот Спасовски, ги пречекорил службените овластувања, направил штета на министерството кое го раководи и сторил кривично дело, со тоа што на протест на кој тој е организатор, и има политичка корист, тој ги употребил униформираните и неуниформираните лица на јавната безбедност од МВР, дел од управата за безбедност и контраразузнавање како и ги употребил единиците за специјални намени, и ги искористил материјалните средства хермелини, со сите овие пречекорувања извршил материјална штета од повеќе стотици илјади евра.

Кривичната пријава на Јакимовски доаѓа неколку дена откако МВР поднесе пријава против него за за сторено кривично дело „Спречување или смеќавање јавен собир“.

Како што појаснија од МВР Јакимовски уште едно лице организирале собир на граѓани пред платото на Уставниот суд, со цел да го попречат одржувањето на претходно најавениот мирен протест на платформата за граѓанската политика „АЈДЕ“со што направиле кривично дело .

Откако приврзаниците на Јакимовски поставија шатори пред Уставниот суд, полицијата на активистите од АЈДЕ не им дозволи да се приближат до судот за да не дојде до граѓански судир. По неколку часовен марш и одржани говори пред МНТ, активистите на АЈДЕ се разотидоја, додека контрадемонстрантите на Јакимовски во смени, ноќта ја поминаа пред Уставниот суд.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 6, 2026

Кочани: 45-ти Марш за Ангелите: „За вистината да не остане без глас и правдата да не остане без крај“

ВЕСТИ June 6, 2026

За вистината да не остане без глас и правдата да не остане без крај –…

Прилеп: Отворено 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

June 6, 2026

Радев: Македонија треба само да ги впише Бугарите во Устав / Мерц: Пропустите не се само кај кандидатите туку и во ЕУ

June 5, 2026

ЕУ реформа во најава: Француско – германски Нон пејпр за ЕУ етапна интеграција на државите од Западен Балкан

June 5, 2026
ТИКЕР

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.