– Повеќе од јасно е дека советничката група на СДСМ и самиот Социјалдемократски сојуз прави очајнички обиди да се извлече од калта и од мега-аферите во кои се вмешани и кои секојдневно им излегуваат во јавност. Наместо советникот Иван Спировски да и даде одговор на јавноста на веќе поставените прашања дали е вистина дека Вера Видинова, родената тетка на екс потпретседателот и висок функционер на СДСМ Андреј Петров, има кривична пријава во аферата „Претседавач“, во која е уапсен Мирослав Шиповиќ и каква е нејзината улога во сето тоа, тој упорно се занимава со Јакимовски, реагира градоначаникот на општина Карпош.
Тој вели СДСМ уште не излегол од калта до гуша со аферите на доделување тендери на свои блиски роднини од страна на лидерот на партијата и градоначалник на Струмица Зоран Заев, а веќе влегува во друга.
„Што се однесува до неговата „патувачка љубопитност“ кој каде отпатувал, Иван Спировски јавно нека го постави прашањето до Бранко Црвенковски зошто и со кого неодамна отпатува во САД и со кого бил таму?“, потенцира Јакимовски.
Реакцијата на градоначалникот Јакимовски доаѓа откако советникот од редовите на СДСМ, Иван Спировски денеска рече дека Општина Карпош има сериозни финансиски проблеми, и праша дали Јакимоски престојува во својство на турист во Дубаи или е во службена посета.




