Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јан Коп: Холандија ќе даде силна поддршка за НБРМ во комуникацијата со MМФ, Светската банка и ЕБОР

0
By Нова ТВ on April 6, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 6, 2021 13:43

Холандија и натаму ќе обезбедува силна поддршка за земјата и за Народната банка во комуникацијата и соработката со меѓународните институции, што е исклучително важно во овие тешки времиња. Одлуките на Народната банка донесени во изминатата година се добредојдени во овој контекст. Потребно е состојбата и понатаму да се следи и соодветно да им се одговори на предизвиците, особено во однос на фискалната дисциплина и управувањето со јавниот долг. Од клучно значење е да се продолжи со спроведувањето на структурните реформи во економијата на Северна Македонија.

Ова се дел од пораките и констатациите изнесени од амбасадорот на Кралството Холандија, Дирк Јан Коп, на средбата со гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска.

Амбасадорот и гувернерката, меѓу другото разговараа и за актуелните состојби во економијата и особено за кондицијата на финансискиот сектор.

Притоа, беше посочено и на предизвиците за полесно надминување на кризата и на придонесот на кредитната поддршка за реалниот сектор, за којашто уште еднаш се оцени дека ќе биде исклучително значаен фактор и во претстојниот период.

Јан Коп и Бежовска ги разгледаа и инструментите на Народната банка како и нејзината подготвеност за преземање соодветни активности и носење соодветни одлуки, во прилог на макроекономската стабилност, како и за поддршка на граѓаните и компаниите.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска искажа особено задоволство што и во текот на корона-кризата, соработката со Банката на Холандија е интензивна и се одвива на исклучително експертско ниво.

Заедничкиот став е дека за македонската економија се клучни натамошни структурни реформи, коишто на долг рок ќе го зголемат потенцијалот за раст, од што зависи и одржувањето на позитивните согледувања на меѓународните инвеститори.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.