Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, по денешниот исказ во СЈО пред новинарите рече дека бил повикан на распит бидејќи ставил потпис на договор кој е предмет на истрага.

Јанакиески го потврди својот став дека СЈО било претставништво на СДСМ, а за да го докаже спротивното, според него, ова обвинителство требало да почне со работа на случаи кои се поврзани со лица од СДСМ.

Јанакиески вели дека не е случајно одбран токму овој ден за распит бидејќи во исто време се појавиле и реформатори на ВМРО-ДПМНЕ.

Екс-министерот одби да одговара на новинарски прашања.