Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јанакиески во Титаник:Да им ги расипеме лифтовите во Капиштец и Центар

0
By Нова ТВ on October 24, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 24, 2018 14:12

Во Кривичниот суд во Скопје денеска продолжува судењето за предметот „Титаник“ на СЈО. На денешното рочиште се слушаат необјавени бомби од март и април 2013 година за вториот круг за локалните избори.

Пратеничката Даниела Рангелова во телефонски разговор со ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, му вели за некоја вработена дека се колнела и плачела оти гласала на изборите, иако, според списокот што го добила, не излегла на гласање.

„Ќе ја запалам. Ќе ѝ е..м матер! Сто работи сум ѝ завршила“, вели Рангелова.

Во друг телелфонски разговор соговорничката на Јанакиески го прашува дали е запознат со идејата да им ги расипат лифтовите на денот на гласањето во Капиштец, во Центар.

„Ти се свиѓа тоа?“, го прашува соговорничката Јанакиески. Истиот муабет се повторува и во друг телефонски разговор од 1 април 2013 година, во кој повторно разговараат Јанакиески и соговорничка, која му вели: „Миле, а да им ги расипеме лифтовите на дел од зградите?“

Во друг разговор Јанакиевски се расправа со соговорник, кој „бил на баскет место да работи, да бара гласови за вториот круг во Центар“.

„А бе денес 12 институции завршив. Имам изработено цел систем за гласање, многу е добар, ама не е за по телефон. Со ’Зегин‘ е веќе зборено“, му рапортира соговорникот на Јанакиески.

На друг соговорник му препраќа мејлови со списоци од вработени што ги добил од Жарко Луковски од „Телеком“ со 2.000 луѓе, од Златко „Кадис“, од Јорданов „Макстил“.

Потоа ѝ се јавува на Елизабета Канческа-Милевска од која бара да ги свика уметниците од театрите, балетот и операта и да им каже да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, на што таа се согласува.

Во една од бомбите што беа пуштени денеска во судница, Јанакиески разговара со Сашо Мијалков, кој му вика на Јанакиески дека не треба по телефон да зборуваат за тоа, зашто не знае кој сè може да ги слуша. Јанакиески бара совет како да ги отвори пломбираните списоци, а да не се забележи.

„Ги стегнав шиптариве, ги стегнав циганиве. Бев со Тачи и со Адеми, ги наговорив сите нивни да излезат. Договорив со нив за секоја куќа да има по еден човек да ги носи на гласање. Со тоа: ’излезете гласање за тој и тој, видовме колку гласаа’. 400 да даде ДУИ, 400 Тачи и уште 700 ваму, ете ти ги 1.500“, вели Мијалков во прислушуваниот разговор.

Во бомбите Јанакиески исто така разговара со повеќе соговорници од кои бара да му ги достават избирачките списоци од Општина Центар, за да видат кој гласал, а кој не и да ги врбува за вториот круг на локалните во 2013 година.

„Избирачкиот список ќе ми го дадеш?“, вели Јанакиески, при што соговорникот му одговара: „Не, клуч треба првин да ми дадат“.

„Многу тешко е тоа и со претседателот зборев, зашто се 245 кеси“, му вели соговорникот, а Јанакиески потоа и кажува на соговорничка дека украле еден список на гласачи од Дебар Маало. Потоа на друг му кажува дека украле уште четири, ама им испаднале неколку.

Соговорник го предупредува дека тоа е кривично дело, па му предлага со скалпел да се пресечат во долниот дел.

Во „Титаник“ се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска. Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.