Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јанчев и Богданов разрешени од функциите во ВМРО ДПМНЕ

0
By Нова ТВ on October 22, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 22, 2018 21:34

Централниот комитет на ВМРО ДПМНЕ вечерва ги разреши од партиските функции потпретседателот Митко Јанчев и членот на ИК Констадин Богданов.

Како што веќе објави Нова ТВ вакво сценарио се очекуваше по шпекулациите дека ќе се бара оставка од претседателот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски.

– Едноставно имаме спротиставени визии со Претседателот за патот по кој треба да се движи партијата и развива државата. Разликите особено дојдоа до израз во последните неколку месеци кога се актуелизира Договорот од Преспа. Според мене, тоа беше, но и сеуште е, моментот во кој партијата требаше јасно и конкретно да ја покаже својата евроатлантска заложба.

Јас длабоко верувам дека Македонија ќе биде просперитетна држава, членка на НАТО и ЕУ преку Договорот од Преспа. Истовремено, се залагам и ќе се залагам за модерна народна партија во која неистомилениците нема да се исклучуваат од партијата – изјави за НоваТВ Богданов.

Дел од партиското членство изминатиов период отворено се спротистави на политиката која ја водеше партискиот претседател Мицкоски. Потпретседателот на партијата Митко Јанчев и членот на Извршниот комитет Костадин Богданов кои вечерва се разрешени гласаа против  ставот на Мицкоски да се повика членството прикриено на бојкот на референдумот, а освен нив, на Референдумот гласаа и пратениците Даниела Рангелова, Драган Данев и Крсто Јовановски. Незадоволство кај дел од членството предизвика  и ригидниот став на Мицкоски за Договорот од Преспа и интеграцијата во ЕУ и НАТО и покрај јавните повици од високи американски и европски лидери партијата да го преиспита својот став и да овозможи пратениците да гласаат без притисоци и уцени.

Партиските превирања се изразени и кај пратеничката група која е поделена на неколку фракции. Тоа е очигледно и по гласањето во петокот, но и по денешните реакции. Пратеникот Илија Димовско во писмена реакција  кажа дека партијата се води кон изолација, а пратениците Трајко Велјановски, Антонио Милошоски и Владимир Ѓорчев го подржаа партискиот претседател. Според информации на НОВА ТВ, само дел од пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ   се сретнала денеска со американскиот заменик помошник државен секретар за Европа и Евроазија Метју Палмер кој немаше  средба со партискиот претседател Мицкоски.  Палмер имаше средби и со пратеници од опозицијата кои гласаа „за“ уставните измени во петокот.

По Референдумот, Мицкоски го разреши заменикот генерален секретар на ВМРО ДПМНЕ Петар Богојески кој повикуваше партијата да учествува, наместо да го бојкотира референдумот.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.