Советничката група на СДСМ, ДУИ и коалицијата во Советот на Град Скопје, денеска достави барање за свикување на итна седница на Советот.

-На оваа седница единствена точка на дневен ред би била помошта кон семејствата на нашите сограѓани кои загинаа во страшната автобуска несреќа во Бугарија. Го поздравуваме предлогот да се обезбедат два милиони денари за помош на семејствата на настраданите, секако треба да се види можноста тој износ дополнително да се зголеми. Сепак, не треба да се чека редовната седница на Советот, туку тоа може да се обезбеди и со вонредна седница за што денеска како советничка група поднесуваме иницијатива, изјави Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје.