Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, преку нејзината адвокатка Ирена Фрчкоска до Комисијата за избори и именувања доставила барање за апанажа.

Во образложението се наведува дека нејзиното барање е врз основа на законските можности кои не забрануваат и не исклучуваат можност притворени или разрешени функционери да бараат апанажа.

Катица Јанева е една од обвинетите во случајот „Рекет“ заедно со Бојан Јовановски и Зоран Милевски. Taa како второобвинета и Јовановски како првообвинет се во притвор во Шутка, додека Кичеец е во домашен притвор.

Претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев денеска рече дека случајот „Рекет“ е даден на оценување и се чекаат да истечат роковите за да се закаже рочиште за оценка на обвинителниот акт.