Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јанева: Имаме основано сомневање за резултатот на изборниот процес

0
By Нова ТВ on March 23, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 23, 2016 17:19

Специјалната обвинителка Катица Јанева во писмено соопштение даде објаснувања по реакциите од Советот на обвинители и членови на владеачката партија по нејзината изјава дадена вчера, 22.03.2016 година.

Одговарајќи на новинарски прашања Јанева изјави дека ”самиот избор и на Претседателот и на Уставен судија и на пратеници е доведен во прашање. Сите овие се нелегитимни институции и треба да го почитуваат Специјалното јавно обвинителство за да ја утврдиме вистината”.

– Сакам да појаснам дека мојата изјава беше во насока на укажување на важноста на нашите истраги и улогата на фер и демократските избори во градењето на институциите и нивниот легитимитет, и истата не беше во насока на деградирање на државните институции.

Имено, како што и во самата изјава наведов, имајќи ги предвид досега собраните материјални докази кои што укажуваат на бројни нерегуларности кои се случиле во изборниот процес, имаме основано сомневања по однос на резултатот од тој изборен процес.

Целта на нашите истраги и евентуални обвиненија останува санкционирање на оние за кои што ќе биде докажано дека учествувале во изборни измами и генерална превенција на слични однесувања во правец на обезбедување услови за избори лишени од изборни нерегуларности, со цел изборниот резултат вистински да ја отслика волјата на граѓаните и полна доверба во институциите, вели Јанева.

Во соопштението таа дава објаснување за причините поради кои нема да присуствува на седницата на Советот на Јавни обвинители и во Собранието на Република Македонија:

– Повторно потенцирам дека не се работи за непочитување на овие две институции. Имено, согласно законските прописи, а и согласно Уставот на Република Македонија јас имам единствено законска обврска да поднесам извештај за шестмесечното работење на ова Јавно обвинителство, кој извештај е поднесен и ги содржи сите елементи кои законот ги пропишува.

Воедно, согласно праксата на работењето на институциите до кои се доставува Извештајот – Собранието на Република Македонија и Советот на јавни обвинители, подносителот на Извештајот никогаш не се повикувал да ја образложува содржината на поднесениот извештај, па така на јавноста не и познато да јавен обвинител или друг претставник на правосудството да образлага свој извештај пред Собранието на Република Македонија.

Иста е и праксата на Советот на јавни обвинители, а кое нешто го потврди и самиот претседател на Советот на Јавни обвинители, во својата изјава, кога појасни дека освен Јавниот обвинител на Република Македонија, кој е воедно и член на Советот на јавни обвинители и мора да присуствува на седниците на Советот, никој друг обвинител не бил повикан ниту присуствувал на разгледување на Извештај за работењето на обвинителството.

Во оваа насока сакам да укажам и дека барањето на Советот на јавни обвинители јас да присуствувам на Седница на Советот го пренебрегнува начелото на автономност на ова Јавно обвинителство, согласно кое ниту еден јавен обвинител во Република Македонија, вклучително и Јавниот обвинител во Република Македонија не може да бара извештаи поврзани со предмети од надлежност на ова Јавно обвинителство.

Доколку Советот на Јавни обвинители смета дека му се потребни одредени појаснувања по однос на некои други аспекти од мојот извештај, подготвена сум за истите да дадам такво појаснување во рамките на можностите, вели Јанева.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.