Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јанева утре поднесува извештај за работата до Собранието и Советот на обвинители

1
By Нова ТВ on March 14, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Согласно договорот за формирање на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) утре е рокот до кога Катица Јанева треба да достави шестмесечен извештај за својата работа.

Специјалното обвинителство е обврзано на секои шест месеци да даде отчет до Собранието и Советот на јавните обвинители за активностите, вклучително и напредокот во истрагите.

Од Специјалното обвинителство за НОВА велат дека Иако немаат законска обврска, текстот од извештајот ќе биде испратен до сите медиуми, но нема да бидат споделени детали кои би наштетиле на истрагите или што се од доверлив карактер .

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева беше избрана на 15. септември согласно Договорот од Пржино. СЈО досега се прогласи надлежно за 34 предмети, вклучително и на предметот познат во јавноста како Пуч.

Кон крајот на декември, лидерот на опозицијата Зоран Заев соопшти дека материјалите од скандалот со прислушувањето што ги поседуваше опозицијата во целост се предадени на Специјалното обвинителство. Заев рече дека лично се уверил оти материјалите ќе се чуваат во сефови со технолошки стандарди и порача дека илјадници разговори на граѓаните се предадени во независна институција.

Јанева досега во повеќе наврати алармираше за што побрзо донесување на буџетот наменет за плати и надоместоци, за трошоци за време на постапките и целокупната работа на ова Обвинителство, но и на тоа дека Обвинителството се соочува со опструкции во работењето од повеќе страни.

Согласно финансискиот план, обвинителката побара сума од околу 4 милиони евра за непречено функционирање на нејзината работа за 2016. година. Собранието по жестока расправа ги одобри средствата, но пратениците од владејачката партија не ги штедеа навредите за Јанева.

Јанева досега јавно ја обелодени истрагата за случајот Титаник, во која екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, секретарот на Владата на Република Македонија Кирил Божиновски, како и сите членови на Извршен Комитет на партија се осомничени за злосторничко здружување чија крајна цел била опстојување на власт на партијата.

Иако Јанева побара притвор за овие лица, вклучително и за градоначалникот на Пустец Едмонд Темелко и Исмет Гури – член на општинска изборна комисија во Чаир, ваквото барање Кривичниот суд го одби, а од Специјалното обвинителство најавија жалби.

Тимот на Јанева досега заработи и повеќе кривични пријави во кои се тврди дека обвинителите малтретирале лица во вршење на нивната служба.

Од СЈО ги отфрлија обвинувањата кои поред нив се неосновани, а Јанева најави и граѓански постапки за клевета и навреда за дел од медиумите, како и кривични постапки за лажно пријавување на кривично дело.

За време на шестмесечниот период од работа, Јанева првенствено бараше тим од 14 обвинители, а Советот и одобри 12. Подоцна, и самата Јанева соопшти дека уште две обвинителки се отстранети како вишок согласно досегашната динамика за работа, иако во јавноста се шпекулираше дека тие се отстранети поради издавање на информации.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.