Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Jaневски: Домашниот туризам ќе успее да влее повеќе од 200 милиони долари

0
By Борјан Јовановски on January 6, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 6, 2021 12:04

Корона кризата ги извади на површина слабостите во нашиот туристички сектор: немањето протоколи за кризен менаџмент, малиот број туриператори и агенции кои ја работат Северна Македонија за домашните туристи, немањето туристичка инспекција за регулирање на пазарот, дигитализација во секторот, подобрени законски легислативи и воспоставување е-визиторс како платформа за статистички податоци, вели директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот (АППТ), Љупчо Јаневски.

Како што напоменува Јаневски, по речиси една година од пандемијата може да се заклучи дека најголемиот удар го преживуваат туроператорите и туристичките агенции кои ги изгубија пазарите, како и градските хотели кои работат со 10 отсто од своите капацитети.

Тој е оптимист дека и покрај ваквата година, домашниот туризам ќе успее да влее повеќе од 200 милиони долари. Вучерите, оценува Јаневски, го дадоа својот ефект и ја ублажија состојбата, а Агенцијата наскоро ќе излезе со предлог до Министерството за економија да се зголеми нивниот обем и да се овозможи опфат на што поширока целна група домашни туристи.

Според директорот, додека се уште не беше завршена, 2020-та од страна на Светската туристичка организација е прогласена за најлошата година во историјата на туризмот, која го врати секторот во деведесетите години од минатиот век.

Следните три до пет години во фокусот на голем број туристи ќе бидат националните паркови, руралните средини, престојот во природа, активностите во дестинациите и малите сместувачки капацитети. Патувањата ќе се одвиваат на кратки релации и летови во дестинации кои претходно ќе бидат добро истражени, што ја наметнува потребата од градење „смарт туризам“. Тоа, нагласува Јаневски, ќе биде иднината за слободните групи патувачи.

Ниту цените во дестинацијата, ниту висината на субвенционирањето нема да биде пресудно при одлуката на туристите каде да заминат и што да посетат, туку сигурноста, протоколите и нивната примена, како и понудените атракции.

– Оваа година по многу нешта ќе биде запамтена, а најмалку по туризмот и туристичкиот сектор кој поради пандемијата воопшто немаше можност да функционира на начин на кој сме навикнати. Честите рестриктивни мерки, изолацијата и прилагодувањето на моменталната состојба со пандемијата придонесоа за пад на туризмот на светско ниво за -82 отсто во Азија и Пацификот до -68 проценти во ЕУ, која забележа најмал пад поради можноста за патување во нејзините земји членки. Состојбата во македонскиот туризам ја преживува 2020 година многу слично како и останатите балкански земји според спреченоста за патувања на туристи и балансирањето со пандемијата, поставувајки ги планирањата на квартално и оперативно ниво како реакција на состојбите. Сепак, поради многу малата изложеност на азиските туристи, македонскиот туристички сектор и покрај почнувањето на пандемијата и падот на туристи и ноќевања во првиот квартал од 2020 година забележа 64,7 милиони долари удел во македонската економија што преставува 0,7 отсто зголемување во однос на истиот период во 2019 година. Веќе вториот квартал ја покажа суровоста на пандемијата и потребата од комплетно затворање кое доведе до силен удар на туризмот и услужните дејности поврзани со неговото работење, вели Јаневски.

Тој потсетува дека Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот го создаде Координативното тело во кое членуваа сите релевантни чинители од секторот. Преку ова тело се донесени скоро 90 отсто од сите владини мерки за помош чија основна цел беше зачувување на секое работно место. Мерките беа така поставени, да опфатат што поголема целна група и носени квартално, како што се следеа негативните ефекти од пандемијата.

– Во август 2020 во туристичките места не можеше да се најде слободен кревет, а падот на ноќевањата во Дојран во истиот месец забележа -47 отсто во однос на 2019 година. Доколку се анализираат податоците и од други дестинации за август, се заклучува дека имаме на што да работиме, бидејки многу малку низ годините сторивме за реално евидентирање на домашните туристи, истакнува Јаневски.

Според него, #домасиедома е најуспешната домашна кампања што ја спровела АППТ и која ќе продолжи и во 2021 година,и покрај сите предизвици во работењето.

– Неколкупати досега кажав дека туристичкиот сектор во македонската економија и покрај ваквата година ќе успее да влее повеќе од 200 милиони долари и овој пад би бил среќен да биде помалку од -35% . Во првите три квартали од 2020 година туристичкиот сектор влеал во македонската економија според заводот за статистика 181 милион долари што преставува пад од 41% во однос на истиот период 2019 година. Падот на туристи изнесува 60,8% додека ноќевањата се намалени за 48% во првите десет месеци од 2020 година споредбено со истиот период минатата година, објаснува директорот.

Тој се осврнува и на новите пазари во Украина и Белорусија за зимската сезона, како и на т.н. зелени коридори со Србија, Албанија и Косово за брз трансвер на патници. Најавува набрзо дополнување на „листата“ со уште неколку земји како можност поголем број туристи да не посетат во првиот квартал од 2021 година.

– Следната година за Агенцијата ќе преставува голем предизвик знаејки дека фокусот и туристичката реалност во многу нешта претрпе големи промени пред се во целните групи на патувачи, нивните интереси, мотиви на патување. Ниту цените во дестинацијата, ниту висината на субвенционирањето нема да биде пресудно при одлуката на туристите за посета, туку сигурноста, протоколите и нивната примена, како и се поголемата пребирливост во нормативите и понудените атракции во дестинациите. Токму затоа АППТ во 2021 година ќе се фокусира на регионот и традиционалните пазар во промоцијата со поголем фокус на презентациите, Б2Б средбите со туристичкиот сектор, информативни патувања на блогери и инфлуенсери и отворање нови авионски линии кои ќе не приближат како дестинација. Нашата цел се 2,3 милиони ноќевања и 250 милиони од туризмот во 2021 година кои ќе успееме да ги оствариме само заеднички со сите чинители во туристичкиот сектор и активна меѓусебна соработка, односно до 2024 година да ги надминеме достигнувањата од 2019 година со добро регулиран туристички сектор и повеќе од 450 милиони долари директен удел на туризмот во македонската економија, подвлекува директорот Љупчо Јаневски, Агенција за поддршка и промоција на туризмот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.