НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јаневски: Туризмот и оваа година ќе го спасуваат домашните гости

0
By Sashko on July 9, 2021 ВЕСТИ
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пандемијата ја покажа суровата реалност дека не сме изградиле одржлива дестинација, дека сме оделе на квантитет наместо на квалитет, дека на краток рок не можеме да понудиме форми на туризам кои ги бараат новите целни групи на туристи. Тоа е предизвик не само за секторот, туку и за сите релевантни институции. Не треба да си ја префрламе топката едни на други, ниту меѓусебно да се обвинуваме, туку да понудиме нешто и заеднички да градиме здрав туристички сектор, вели директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот (АППТ), Љупчо Јаневски.

Во интервју за МИА, Јаневски оценува дека годинава ја дочекавме неподготвени. Туризмот и овојпат ќе го спасуваат домашните гости, но, сепак, се очекуваат и туристи од регионот, а ќе има и од други земји.  Можеме да стигнеме блиску до 300 милиони долари прилив, иако е рано со сигурност да се каже колку ќе бидат исполнети ваквите предвидувања поради новиот корона сој и правото секоја земја да воведува свои мерки за заштита.

Како што информира директорот, на 19 јули пристигнуваат првите туристи од Холандија кои ќе слетаат со чартер лет во Охрид.

Тој уште еднаш порачува дека руралниот, авантуристичкиот, алтернативниот, еко и еко-гастро туризмот треба да бидат наш приоритет. Сите дестинации кои работеле со овие форми на туризам лани не забележале пад. Домашниот туристички сектор, пак, мора да ја смени матрицата и да работи на мали туристички групи зашто таков е трендот во светот и интересот за овој вид туризам последниве години бележи раст од 20 до 50 отсто.

Производот, нагласува Јаневски, е многу битен. Ние немаме авто-кампови, немаме сместување со еко ѕвезди, немаме понуда за фото сафари, за посматрање птици, флора, фауна и на тоа мора да се работи.

– Пандемијата и последиците од неа не треба да ни бидат изговор за она што ќе го понудиме сега, па и понатаму. Дали вистински создадовме атракции и производи за пазарите кои ни беа и ни се достапни? Јас мислам, не доволно, истакнува Јаневски.

Според него, годинава треба да покаже малку поинакво лице и поголем оптимизам дека пандемијата ќе отвори нови граници, хоризонти и нови моности.

– Во моментот состојбата е следна: секоја држава си одлучува за своите туристи. И покрај новата линија Варшава – Охрид или рестартираната Варшава – Скопје, полската Влада донесе индивидуална одлука независно од ЕУ, сите нејзини граѓани кои патуваат надвор при враќањето во земјата да одат во десетдневен карантин. Тоа е всушност причината за помалиот број гости од очекуваниот. Значи, засега не можеме да кажеме колку и дали ќе се остварат годинашните проекции, зашто гледаме каква е состојбата со делта сојот на ковид-19 и со преголемата загриженост околу неговото ширење. Сметам дека капацитетите повторно, и оваа година, ќе бидат полни со домашни туристи, како и со гости од регионот: Србија, Црна Гора, Албанија, Косово. Ќе има мал дел и од Полска и Холандија. Во септември се очекуваат по 5.000 – 6.000 туристи од Холандија и од Полска, но ќе мора да ја следиме епидемиолошката ситуација и да се прилагодиме, нагласува директорот на Агенцијата.

Јаневски открива и дека само 200 угостителски објекти, тур-оператори, хотели и давачи на сместувачки услуги аплицирале и добиле маркичка „сигурно патување“ (Safe Travel), што не значи дека во останатите заштитните ковид-мерки не се почитуваат.

Тој се осврнува и на субвенционирањето, на соработката со Украина, со Молдавија и со Белорусија – пазар за кој, вели, во следните пет години може сериозно да се размислува, на недостигот на кадар во туристичкиот сектор, но и на сè уште актуелниот проблем со непријавување на гости во сместувачките капацитети и неплаќањето данок.

Јаневски истакнува и дека само три отсто од сите тур-оператори во земјава работат инкам туризам, како и дека сè уште немаме национална стратегија за рурален туризам. Последниот таков документ бил со „рок на траење“ до 2017 година. Само 13 домаќинства досега, потенцира, се категоризирани со т.н. рурален цвет.

Директорот на АППТ заклучува дека не можеме и не треба да им бидеме конкуренција на земјите кои имаат море, никогаш не треба така да размислуваме, ниту да се споредуваме со држави како Хрватска, Грција, Египет, Турција, не треба да ги копираме во понудите, туку треба да создадеме наша, оригинална приказна.

Дестинација Домашни гости Ковид-19 Љупќо Јаневски Македонија Пандемија туризам
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.