Поранешниот словенечки премиер Јанез Јанша, денес беше пуштен од затвор, за да може да присуствува на првата седница на новиот словенечки парламент.
Јанша, кој од почетокот на јуни ја отслужува двегодишна затворска казна заради корупција, освои пратеничко место во 90-домниот парламент на 13 јули, како лидер на десноцентристичката Словенечка демократска партија (СДС).
По два премиерски мандата Jанша беше осуден заради примање поткуп во вредност од 278 милиони евра при набавката на оклопни возила за словенечката армија од финската компанија Патриа.
Според словенечките закони, им се одзема пратеничкиот имунитет на лицата осудени за престапи со затворска казна подолга од шест месеци.