Измислениот случај се претвара во скандалозно демаскирање на обидите за манипулации и огромен срам пред јавноста не само за портпаролот Петре Шилегов, туку и на целиот СДСМ кој уште еднаш е фатен како ги потценува граѓаните, се вели во деманот на Јанкулоска по повод новите обвинувања од СДСМ.
– Сосем е разбирливо дека и на Шилегов му стана јасно дека ќе го загуби судскиот процес за изречените клевети и сосема е очекувано да го фаќа паника за штетите со кои ќе треба да го компензира неодговорно настапување. Го издава потребата да се дообјаснува и излезната стратегија да навлегува во се поголеми лаги и измислици.
– Веќе не ја спомнува лагата дека не постоел кредит, туку сега навлегува во нова измама дека сум враќала по 3500 евра месечно. Повторно лаже. Месечниот ануитет кој го исплаќаме заедно со мојот сопруг изнесува 550 евра во денарска противвредност.

– Познавањето на основните математички операции е личен проблем, како и континуираното заплеткување пред јавноста на секоја нова прес конференција. Сепак обидите за манипулација, Шилегов многу скоро ќе добие можност да ги објасни пред суд.Мојаодговорност е на секоја лага и манипулација да одговарам со факти и документи. Затоа на јавен увид го ставам и планот за амортизација, неведено е во реакцијата.




