Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јанкулоска: Ништо нема спорно со гласачите од Пустец

0
By Нова ТВ on May 12, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, May 12, 2013 10:15

Нема ништо недозволено во однос на правото на граѓаните од дијаспората да учествуваат во изборот на власта во Република Македонија, вели министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во неделното интервју на Радио Слободна Европа, одговарајќи на прашањето за гласачите од Пустец.

Таа вели дека имаат право и да учествуваат на парламентарни избори, имаат право и да учествуваат на локални избори.

Независно од личниот однос на Жерновски кон Македонците од дијаспората, тие се сепак наши државјани и имаат одредени права, додава Јанкулоска.

Но, Јанкулоска на прашањето дали ги проверила тие адреси што ги споменува опозицијата и дали видела дали навистина има 60 луѓе што живеат во ист стан, не одговара конкретно:

-Нема ништо недозволено во однос на правото на граѓаните од дијаспората да учествуваат во изборот на власта во Република Македонија. Имаат право и да учествуваат на парламентарни избори, имаат право и да учествуваат на локални избори. Дали 7000 луѓе дошле и гласале во Кичево, дали илјадници луѓе дошле и гласале во Струга или во Штип или во Центар или во Струмица или во која било друга општина, тоа е веќе прашање на избор на поединецот дали ќе го оствари своето избирачко право.

Што се однесува до изјавата на Жерновски дека добивал бизнис понуди, министерката вели:

-Прикривањето на кривично дело е само по себе пропишано како кривично дело во Кривичниот законик. Посебна е одговорноста на јавните личности. Не е доволно и не е во ред да тврдите дека вие 100-процентно гарантирате дека некаде има обид за криминал без притоа да соработувате со институциите. Ако не ги каже јавно личностите кои му нуделе поткуп, за кои тој тврди дека му нуделе поткуп, тогаш легитимно јавноста ќе почне да се сомнева дека тој е соучесник во една таква операција или, пак, дека свесно одел со манипулација, да не речам лага, со цел да привлече внимание врз себе или, пак, да го одвлече вниманието од некои суштински прашања со кои тој треба да се занимава.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.