МВР по вчерашните приведувањата во акцијата наречена „Шпион“ објави дека поденесени се 20 кривични пријави, обвинетите се теретат за следниве кривични дела злосторничко здружување, злоупотреба на положба, измама, уцена и шпионажа.
На денешната прес-конференција, министерката Гордана Јанкуловска истакна дека обвинетите работеле за една соседна држава, кои за возврат се стекнувале со правна и имотна корист, патувања, како и пари. Таа не сакаше да открие за која држава станува збор.
Јанкуловска откри дека организираната група започнала со работа уште во 2005 година кога првоосомничениот Марјан Ефремов, добил отказ од Агенцијата за разузнавање. Тој се здружил со второ и трето осомничените кои се вработени во Агенцијата за разузнавање и со уште двајца вработени во државните институции започнале со криминалните активности против државата.
Во 2010 на групата и се придружиле и вработени во военото разузнавање, во еден мобилен оператор како и сопственици на медиуми, газди на приватни компании и други вработени во државни институции.
– Имаме информации за соработката на оваа група со повеќе странски разузнавачки служби, но главно нивната соработка се водела една соседна држава – рече министерката.
Во спроведената акција МВР направило претрес кај 17 лица, во 30 домови и други објекти.
Како што објави НОВА, во акцијата Шпион, уапсен е Марјан Маџовски, шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието на РМ од 2005 година, припадник на цивилната служба на МО, кој бил вработен во Секторот на човечки ресурси.
Мичо Насковски, екс-генерален директор на Бетон. Ване Цветанов, екс директор на Агенција против перење пари, генерал Горан Стојков и Аце Диневски поранешен функционер од Агенцијата за разузнавање се останатите уапсени во оваа полициска акција.
Полицијата го приведе и режисерот Борис Дамовски, авторот на анимираниот сатиричен филм „Еднооки“ кој беше пуштен синоќа.
Режисерот Борис Дамовски, еден од приведените во полициската акција Шпион, за НОВА изјави дека се однесувале многу коректно со него.
На распитот Дамовски во полиција бил испрашуван за врските со луѓето кои се приведени.




