Во снимените телефонски разговори коишто денеска ги објави СДСМ, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на свoите колеги Зоран Ставрески и Никола Тодоров им се исповеда дека нивни сопартијци пукале за време на изборите во Струмица, меѓутоа полицијата „глумела дека пукале од гасен пиштол“.
Јанкулоска во разговорот со Тодоров вели дека човекот што пукал бил сопругот на директорката на затворот.
Транскрипт
17. Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Никола Тодоров
НТ: Да
ГЈ: Нино…
НТ: Кажи
ГЈ: Абе да се искоординираме со каков тон да одиме за изб ориве пошто реално има повеќе инциденти отколку во првиот круг
НТ: Даа..
ГЈ: Да видиме како да ја фатиме работава…
НТ: Види ја им реков на овие сите да искачаат да викаат мирно е со некои инциденти помали ваму таму…
ГЈ: Ја го одложив пресот у 12 пошо не знам како да ја тераме за у два го презакажавме
НТ: Не не па да подобро е да нема многу од ваша страна а?Океј е од Влада, ние закажавме
ГЈ: Па затоа се координираме, освен ако ние не одлучиме дека ни треба да дигаме малку тензија
НТ: Па не, мислам дека е боље вака, добро е, мирно ова она..
ГЈ: Па има една ситуација у Струмица што не ни одговара таму тој нели со кутијата е комуњар и тоа ќе си го даваме све, меѓутоа има и еден наш, тој е сопруг на директорката на затворот него го препознаваат јак доказ нема, пукал во воздух…
НТ: А тој ли е тој шо пукал да му ебам матер ја…
ГЈ: Е сеа… ќе видиме таму како ќе биде…
НТ: Со пиштол плашливец..
ГЈ: Сеа кузнае со шо било ќе видиме може на крај ќе му пуштиме прекршочна за со гасен пиштол нешо така.. дека не пукал кон избирачко место, пукал во воздух нешо ќе мислиме ама у моментов чисто да имаш у предвид …
НТ: Да ама да му се јавите и да му кажете дека ќе му ја ебеме мајката.
18. Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Зоран Ставрески
ГЈ: Па има проблеми, Куманово има многу тензии…
ЗС: Претпоставувам не е само Карпош овај не е Ѓорче…
ГЈ: Не не абе Ѓорче вака и ова мислам ја ради тебе вака 100 пати се јавувам…
ЗС: А Струмица шо било тепачка имало нешто?
ГЈ: Една кутија уше сабајле ја скршија после имаше некои пукање нашиве пукаа иначе па сеа ние глумиме дека било со гасен пиштол
ЗС: Добро…




