Published: Wednesday, December 18, 2013 13:43
МВР досега нема пронајдено предмети од оние кои се на листата артефакти кои недостасуваат во Музејот на Македонија, но секоја информација што оди во прилог на нивно откривање и враќање во сопственост на државата е добредојдена.
„Добредојдени се сите информации кои ќе доведат за лоцирање на украдените артефакти и лицата, кои се одговорни за извршените кражби. Истрагата на полицијата не довела до трагата на ниеден артефакт или до осомничено лице“, изјави денеска министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.
Во последните кражби во музеите недостасуваат 160 артефакти од античкиот период.




