Published: Friday, September 20, 2013 16:06
Акцијата „Диригент“ е голем удар врз наркомафијата и претставува пример за сите во регионот, но и во Европа, како треба да се бориме против сериозниот меѓународен криминал, изјави министерката Гордана Јанкуловска.
„Во рамките на истрагата беа опфатени 62 лица, од кои 44 лица во Германија и 18 во Македонија. Во Германија беа приведени 26 македонски граѓани кај кои германската полиција пронајде и заплени 700 килограми смеса за мешање на хероин, 5 килограми чист хероин и над 5 килограми кокаин, како и 30.000 евра. Ние запленивме околу 5 килограми хероин, кој членовите на групата од Македонија се обидуваа да го внесат од Турција, а потоа да го транспортираат за Франкфурт“, истакна Јанкуловска.




