НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јанкуловска и Мијалков не чувствуваат вина за „Тврдина – Таргет“

0
By Нова ТВ on October 8, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На обвинетите Горан Грујевски и Никола Бошковски ќе им се суди во отсуство за масовно прислушување во предметот на СЈО „Таргет Тврдина“. Грујевски и Бошковски беа уапсени во Солун, а Врховниот суд во Атина го одби барањето на македонското Министерство за правда тие да бидат екстрадирани од Грција.

На денешното рочиште воведни зборови дадоа обвинителите и обвинетите.

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во случајот на СЈО „Тврдина – Таргет“ е обвинета за злоупотреба на службената положба и овластувањата. Јанкуловска рече дека не се чувствува виновна, зашто во ниту еден момент не направила нешто што е спротивно на законот или на овластувањата што ги имала како министер за внатрешни работи.

Виновен не се чувствува ниту поранешниот директорот на УБК Сашо Мијалков, кој се товари за злоупотреба на службената положба и за примање награда за незаконито влијание.

Во „Таргет-Тврдина“ обвинети се и Тони Јакимовски, поранешен шеф на кабинетот на Мијалков, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од Управата.

Една од обвинетите во овој предмет веќе призна вина и доби условна казна.

Истрагата за предметот „Тврдина“ беше отворена на 29 март 2016 година, а за предметот „Таргет“ на 17 ноември 2016 година, а поради нивната поврзаност се споени во еден предмет. Обвинението е подигнато на 30 јуни 2017 година.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби. Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

Сашо Мијалков и Горан Грујовски, заедно со Гордана Јанкулоска и Никола Бошкоски се товарат и за уништување на системот за прислушкување на МВР и интермедијациските уреди на операторите во вредност од 1.418.879 евра, а Валентина Симоновска за фалсификување службен документ.

Јанкуловска Мијалков Тврдина-Таргет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025

Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција

August 23, 2025

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.