Published: Thursday, September 19, 2013 13:41
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска денеска во Собранието образложувајќи ја широката полициска акција „Шпион“, во која за шпионажа, изнуда и злосторничко здружување се обвинети над 20 луѓе, истакна дека зачудува поклопувањето на ставовите на опозицијата со оние кои доаѓаат од една наша соседна држава.
„Тие веројано ќе објанат дали постои координација или станува збор за коинциденција“, рече Јанкуловска.
Таа истакна дека целокупната јавност е сведок на реакциите кои доѓаат од соседните земји, како и внатре од Македонија.




