Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јанкуловска на распит во СЈО, обвини за политичка пресметка

2
By Нова ТВ on February 6, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 6, 2017 12:43

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска денеска беше повикана на распит во Специјалното јавно обвинителство. Јанкуловска не откри за кој случај била во СЈО, но за медиумите изјави дека e разговорите биле за веќе отворена истрага против неа.

„За кој случај бев повикана мислам дека е коректно да ви каже тој што ве повикал овде, бидејќи јас како правник доследно го читам законот и тоа дека постапките се тајни. Очигледно некој го чита поинаку законот и со оглед на тоа што ве повикале овде мислам дека треба да бидат коректни тие да ви соопштат за кој предмет и која беше причината што ме викнале. Доколку добиев овластување од надлежниот обвинител да презентирам со задоволство ќе ви презентирав“, рече Јанкуловска.

Таа обвини дека СЈО одамна го загуби кредибилитетот да води било какви постапки поврзани со правото, како и дека тие станале алатка на СДСМ употребувана за нивни цели.

„При разрешувањето на политичката криза на Зоран Заев му е потребна помош и тука е СЈО да излезе со нешто што оди во прилог на опозицијата и очигледно е дека ги подобруваат позициите на Заев“, изјави Јанкуловска.

Иако СЈО го обвини за политичка пресметка со неа, таа кажа дека сепак дошла во обвинителството бидејќи тоа претставува државна институција.

Јанкуловска е осомничена во предметите „Тврдина“ за уништувањето на опремата за прислушување, потоа во „Титаник“ за манипулации во изборите и последниот „Тенк“ за набавка на скапиот мерцедес за кој опозицијата обвини дека чинел 600 илјади евра и бил наменет за екс премиерот Никола Груевски. Таа се најде и меѓу лицата кои претседателот Ѓорѓе Иванов неуспешно се обиде да ги аболира во контроверзната објава за аболиција на осомничените во истрагите на СЈО, која по протестите и реакциите во јавноста беше повлечена.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.