Генралниот секретар на ВМРО ДПМНЕ Игор Јанушев на прес конференција кажа дека
Според Јанушев овие избори носат нова реалност во земјава и „се освен победа ќе фрли сенка врз изборниот процес и ќе отвори сомнежи за евентуален изборен иженеринг.
Јанушев кажа дека власта денеска покажала дека не знае да организира избори преку обиди за манипулација, поткуп и закани.
„Денеска имаше низа нерегуларности, изборен инжинеринг што не е ништо друго освен паника на власта за своите фотељи. Нашите индиции говорат дека имаше организирано семејно гласање, случаи на поткуп, злоупотреби на полицицијата. Таков е примерот во Тризла во Прилеп каде преку закани и поткуп организирано беа носени граѓани на гласање. Ново Село каде денеска има и локални избори беше под полициска опсада. Во Битола беше присутно целото подземје во градот, ги знаеме и регистерските таблички на автомобилите со кои се возеа, а тоа најдобро го знае Спасовски. Во Шуто Оризари со такси компанија на СДСМ организирано беа носени граѓани на гласање“ кажа Јанушев.
Јанушев кажа дека вакви нерегуларности имало и во Штип, Радовиш и во Куманово.
„Денеска народот победи, според првичните резултати очекуваме одличен резултат. ВМРО ДПМНЕ ќе има најмногу гласови – тоа е новата реалност. ВМРО ДПМНЕ се враќа на голема врата ..власта е детронизирана, народот го поразува Заев, власта е во пад и брзо ќе замине“.“ кажа Јанушев.




