Јапонскиот политичар Ријатаро Нономура доживеа нервен слом пред камерите во текот на прес-конференција. Изливот на емоции кај политичарот се јави поради притисокот од обвинувањата дека ненаменски трошел народни пари.
Нономура во текот на тричасовното обраќање неконтролирано плачел и удирал со дланките, изговарајќи испрекинати реченици.
Нономура е пратеник на Собранието на префектурата Хјого и е обвинет дека проневерил 29.000 долари државни пари.