Во Јавна соба, вечерва во 18.00 часот ќе биде отварена ликовната изложба
„Еден наставник и многу ученици“. Организатор на изложбата е Едукативниот
Центар за класична ликовна уметност „Да Винчи“, предводен од уметницата
Викторија Егорова. Центарот направи селекција на делата на учениците и се
создаде богата изложба со над 150 дела, преку кои ќе се претстават 50 ученици
автори, на возраст од 5 до 55 години.
Изложбата ќе остане поставена во просториите на Јавна Соба една седмицa.
Влезот за посетителите е слободен.