Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јавно обраќање на сопругата на Томислав Кежаровски

0
By Нова ТВ on June 28, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 28, 2013 13:12

Сопругата на новинарот Томислав Кежаровски кој е во притвор заради напипшан текст, Марина Кежаровска, излезе со отворено писмо до јавноста, во кое ги опишува годините на притисокот и малтретирање на полицијата кон Кежаровски и оттука и кон семејството.

Кежаровска преку НОВА се обраќа до јавноста и ја запознава со драмата со која се соочуваат години наназад:

Не е прв пат да ни дојде полиција на врата. Години наназад се соочуваме со ваков вид малтретирање. Нема да претерам ако ви кажам дека на секој 2,3 месеци доаѓаше полиција на врата. Го земаа во 2, 3, 4 часот наутро.

Добивав впечаток дека после секој негов текст што го пишуваше тие потоа доаѓаа. Не знам само колку пати има платено казни за клевета и навреда..

Паметам еднаш на врата ни заѕвони полиција, за прв пат да речам- во некое нормално време. Беше некаде околу 15 и 30 попладне. Маж ми сеуште не беше дојден од работа. На моето прашање зошто го бараат, некако добив впечаток дека и тие самите не знаат зошто се дојдени.

Полицаецот онака поднасмеан ми рече:

„Онака да провериме дали живее тука“

..и тоа беше се. Си заминаа.

Значи седум, осум години се соочуваме со ова.

Потоа како да настапи некој помирен период од пет, шест месеци.

Некаде во ноември месец, минатата година, пак беше повикан во полициска станица. Го прашував зошто го викаат, а тој онака помалку зачуден на љубезноста на која наишол во полициската станица, ми раскажа дека го повикале за истово што го теретат и сега. Да каже од каде му е изворот.

На 14 април оваа година јас и не знаев дека скоро цело работно време бил повикан во обвинителството. Дома се врати дотолку нерасположен, што имав впечаток дека и ликот му беше променет. На мое долго инсистирање почна да ми раскажува, какви понижвања се морал да ислуша. Истото и таму го барале од него, да го каже изворот за случајот Ореше.

Значи, 14 април во обвинителството беше, за да на 28 мај го апсат онака спектакуларно.

Замислете дворот ни беше преполн со специјалци во 6 часот наутро. Ништо не ни беше јасно што се случува, детето ми врескаше, Томче прашуваше зошто го прават тоа, а, јас го доживеав најголемиот шок во животот.

Доживеавме шок од којзнае дали некогаш ќе се опоравиме.

Целта била јасна, да го понижат и него и неговото семејство. Да биде апсен на таков начин како да е најголемиот криминалец.

Но, од него никогаш нема да направат тоа што посакуваат. Бидејќи ние сме едно чесно семејство и за роднините, за комшиите, пријателите. За сите нас тој останува чист како солза – светец.

Стравуваме сега сите за неговата безбедност, за безбедноста на моето дете и за мојата. Она што во моментов не можеме да го поднесеме е тоа што тој психички не се чувствува добро. Се плашам за него уште колку ќе може да го поднесе ова, невин затворен за новинарски текст.

На крај сакам да ви се заблагодарам на сите вас колегите, што му давате волкава поддршка нему а и нам.

Ова обраќање до јавноста на Марина Кежаровска, сопруга на притворениот новинар Томислав Кежаровски заради напишан текст, доаѓа после повторното продолжување на притворот за уште 30 дена, од пред неколку дена и покрај апелите и критиките на влијателни медиумски и политички организации и институции- да се укине притворот, во име на медиумските слободи и демократијата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Падна Владата во Република Српска

March 16, 2026

Пленковиќ за новото оружје на српската армија: Нешто вакво никогаш не е видено во Европа

March 13, 2026

5.1 по Рихтер ја потресе централна Грција

March 12, 2026

Хорор во Швајцарија, шестмина мртви – во автобус човек се полил со бензин и се самозапалил

March 11, 2026

Земјотрес во Италија почувствуван во неколку европски земји

March 10, 2026
ФОКУС
March 16, 2026Updated:March 16, 2026

Нов брз удар по џебот на граѓаните – горивата пак поскапеа

ВЕСТИ March 16, 2026

Значително поскапување на горивата стапува на сила од ноќеска на полноќ, откако Регулаторната комисија за енергетика донесе…

Молитва за упокоените, гласна тишина и шеесет и три столчиња во Паркот на револуцијата во Кочани

March 16, 2026

Една година од несреќата во Кочани: „2 часот и 32 минути. Во ‘Пулс’. Во тој миг 63 млади срца престанаа да чукаат меѓу нас“

March 16, 2026

Генералниот секретар на ИТУЦ до Мицкоски: Загрижени сме за притисоците врз синдикатите

March 15, 2026
ТИКЕР

Падна Владата во Република Српска

March 16, 2026

Пленковиќ за новото оружје на српската армија: Нешто вакво никогаш не е видено во Европа

March 13, 2026

5.1 по Рихтер ја потресе централна Грција

March 12, 2026

Хорор во Швајцарија, шестмина мртви – во автобус човек се полил со бензин и се самозапалил

March 11, 2026

Земјотрес во Италија почувствуван во неколку европски земји

March 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.