Published: Tuesday, September 17, 2013 17:42
Полошко-кумановската епархија поделена на два дела, по упокојувањето на митрополитот Кирил поставени се негови наследници.
Нов митрополит на еден дел од епархијата, односно на кумановско-осоговската, со седиште во Куманово, ќе биде епископот Јосиф Лешочки.
Епископот Јосиф Велички ќе биде одговорен за втората нова епархија, тетовско-гостиварската, со седиште во Тетово.
Починатиот владика Кирил со една од најголемите епархии полошко-кумановската епархија, раководеше 26 години.
Привремено на вонредна консултативна седница, која беше одржана на 11 јуни годинава, за администратор беше поставен архиепископот Стефан.




