Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јован Вранишковски – две години во затвор

0
By Нова ТВ on December 12, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 12, 2013 08:44

Денес, на 12-ти Декември 2013 год., се исполнија две години откако Јован Вранишковски се наоѓа во затвор. Тој беше уапсен и затворен на 12-ти Декември 2011 год., кога доброволно влезе во Р. Македонија очекувајќи дека ќе го добие тоа што според законот му следуваше – да се брани од слобода при обновениот судски процес.

Како што соопштуваат од ПОА, Јован беше притворен и осуден, а згора на тоа, против него, како и против Епископи, свештенство, монаштво и верен народ на Православната Охридска Архиепископија започна нов монтиран судски процес, со цел уништување на канонската православна Црква во Р. Македонија. Овој најнов прогон го започна токму истиот суд, којшто упорно ја одбива регистрацијата на Православната Охридска Архиепископија, а епилогот е: уште три години затвор за Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован, и две години условна затворска казна за останатите Епископи, свештеници, монаштво и верници на канонската Црква во Р. Македонија, потенцираат од ПОА.

Во текот на оваа година итно ослободување на Јован побараа: Неговата Сесветост Вселенскиот и Константинополски Патријарх г.г. Вартоломеј како и мноштво претставници на други помесни православни Цркви, Светскиот Совет на Црквите, Конференцијата на Европски Цркви, а затворањето на Архиепископот охридски г.г. Јован е предмет на многу меѓународни извештаи за загрозување на верските слободи во Р. Македонија. Исто така, во текот на оваа година истакнати личности од нашата земја (Стојан Андов, Љубчо Георгиевски, Мирјана Најчевска, Арсим Зеколи), јавно и недвосмислено јасно истакнаа дека тој е политички затвореник во Р. Македонија.

Сметаме дека, велат од ПОА, е излишно да предочуваме дека со затворањето на Архиепископот охридски г.г. Јован не само што не ѝ се помага на расколничката МПЦ во решавањето на нејзиниот проблем со расколот, туку дополнително ѝ се одмага! Околностите покажуваат дека со изминатите единаесет години на прогон и со затворањето на Архиепископот охридски Јован, МПЦ не постигна ништо, туку само изгуби време, продолжува да тапка во место и сè повеќе бива препознавана како организација која го гони Архиепископот охридски г.г. Јован и канонската Црква, наместо да направи сè за да се понесе христијански и да ја заживее Соборноста на Православното Христијанство!

ПОА упатува апел до севкупната демократска јавност да се покаже човештина и да се запре државниот верски прогон против нивниот Архиепископ охридски г.г. Јован и Православната Охридска Архиепископија, бидејќи е сосема јасно дека на темелите на непочитувањето на верските слободи на сите граѓани подеднакво, невозможно е да се гради иднина на напредна демократска земја.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.