Јованка Броз (89), сопругата на доживотниот претседател на Југославија, Јосип Броз Тито доживеала полесен инфарк после што заврши во болница, каде беше превезена со Брза помош. Подоцна ќе ја посети премиерот Ивица Дачиќ, јавува српски Блиц.
Донесена е во тешка состојба, јавува Б92, со рани од лежење и непозната рана на градниот кош, со исклучително лоша крвна слика и почетните наоди укажуваат на сепса.
Според првичните информации на српските медиуми, лекарите се бореле за нејзиниот живот.
Таа во моментов е на интензивна нега во срцето на Белград, во Ургентниот центар, а подоцна добила третман и нејзината состојба е релативно стабилна.