Состојбата на Јованка Броз е мошне тешка. Таа се наоѓа во кома и е приклучена на апарат за дишење, изјави за „Б92“ Миљко Ристиќ, директор на Клиничкиот центар на Србија.
Здравствената состојба на вдовицата на Јосип Броз – Тито вчера нагло се влошила поради проблеми од кардиореспираторен карактер.
Како што дознава „Б92“, лекарите не можат да даваат прогнози, меѓу другото и поради тоа што Јованка Броз има 90 години и на 23 август е примена во болница во тешка состојба.
Во меѓувреме, лекарите забранија секакви посети зашто нејзината состојба е мошне сериозна.
Нејзина последна желба пред да ја вклучат на апаратите за дишење, а која ја споделила со нејзините сестри, била да биде погребана покрај Тито. Според српските медиуми, Владата ќе ја почитува нејзината желба.