Јованка Броз (89), сопругата на доживотниот претседател на Југославија, Јосип Броз Тито заврши во болница, каде е превезена со Брза помош поради лоша здравствена состојба.
Според првичните информации, Јованка доживеала срцев удар, а лекарите се борат за нејзиниот живот, јавуваат српските медиуми.
Таа во моментов е на интензивна нега во срцето на Белград, во Ургентниот центар, а подоцна добила третман и нејзината состојба е релативно стабилна.