Имате можност од Македонија да направите држава како што треба да биде. Бевте блокирани 27 години, вие добивте прилика. Ципрас ги отповика руските амбасадори, бидејќи сакаа со откуп да го срушат Преспанскиот договор. Лавров бараше од Советот за безбедност да ја поништи одлуката. Нема демократизација додека не го уништиме национализмот, вели Чедомир Јовановиќ, претседател на Либерално-демократската партија на Србија во интервјуто за Отвореното Студио на 1тв.
Тој вели дека во Македонија, покрај се, преовладуваше разумот за политика која го зближува народот.
Во врска со она што се случува во Србија, протести на опозицијата, Јовановиќ вели дека постојат неколку фактори кои влијаат на протестите.
-Целосно се изолирани, без поголема поддршка, особено по последниот настан во Белград, кој не беше ни малку наивен. Вучиќ бараше да се ослободат средношколците. Луѓето во Србија се незадоволни, но коренот е поразличен од работите кои партиите ги ставаат во фокусот. Го напаѓаат Вучиќ дека ја води Србија во НАТО пактот, го обвинуваат за преговори со ЕУ, преговори со косовските Албанци… Вучиќ треба да им дигне споменик на луѓето кои му го подигнаа рејтингот, рече Јовановиќ, кој истакнува декане ги поддржува протестите, но го критикува и српскиот претседател.
-Вучиќ по овие протести има 60 отсто поддршка од граѓаните кои се подготвени да гласаат за него. Јас не зборувам во негов прилог, туку за факти. Нивната критика е поинаква од мојата. Кога тој ги коментираше резултатите од вашиот референдум, јас реков дека е подобро да молчи кога не може да помогне. Тој го прави тоа што е потребно за Србите да застанат зад него. Тој е вешт политичар. Кога ќе им каже на луѓето ова што се случува е македонско сценарио, во тој момент за некој просечен Србин тоа не е напад на Вучиќ, туку на Србија, вели Јовановиќ.
Целото интервју е во следното видео.




