Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јовески и Русковска на меѓународна он лајн конференција во организација на бугарското јавно обвинителство

0
By Mirjana on December 9, 2021 ПОЛИТИКА
1 ЈОВЕСКИ РУСКОВСКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Владеењето на правото е една од темелните вредности на уставниот портедок на секоја демократска држава. Притоа, правото мора да биде еднакво достапно до секој граѓанин, а институциите да обезбедат тоа да важи за сите подеднакво, бидејќи селективната правда е најголема неправда, истакна денеска Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески во онлајн обраќањето на Меѓународната конференција „Судска реформа. Специјализирано правосудство“, што ја организираше Јавното обвинителство на Република Бугарија.

„Борбата со организираниот криминал и корупцијата нема да ја постигне својата цел ако се води селективно и по желба и интерес на политички и економски моќници. Таа треба да биде неселективна и да се спроведува со заеднички напори на сите одговорни во државата, во согласност со меѓународните стандарди и добрите практики на развиените демократии“, нагласи Јовески.

Во тој контекст, тој особено ја потенцираше важноста на меѓународната соработка, но и на специјализирани јавни обвинители кои постапуваат против овој вид тешки кривични дела.

„Современиот начин на извршување на кривичните дела и новите кривични дела не можат да се откријат, а нивните сторители да се гонат без соработка на надлежните органи во една држава, но и без понепосредна и директна соработка со правосудните власти на други држави. Ова го истакнувам од причина што потешките кривични дела, а особено делата од организираниот криминал, корупцијата, дрогата, сајбер криминалот и економските кривични дела, скоро и да не завршуваат во границите на една држава“, рече Јовески во обраќањето.

За улогата на специјализираното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во македонскиот правосуден систем зборуваше основниот јавен обвинител на ова обвинителство Вилма Русковска.

„Структурата на кривичните дела што се во надлежност на Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а кои многу често се извршени во организирана форма, од страна на група, која во бројни случаи е и меѓународна, резултира со спроведување на обемни и сложени предистражни и истражни постапки, кои често опфаќаат и примена на посебни истражни мерки. Сето ова укажува на динамиката и комплексноста на работата на јавните обвинители во Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција при совладување на приливот“, рече Русковска во своето онлајн обраќање.

Таа нагласи дека само во текот на 2020 година Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција постапуваше по кривични пријави против вкупно 565 (петстотини шеесет и пет) полнолетни сторители на кривични дела, две деца во судир со законот и по 39 (триесет и девет) кривични пријави против непознати сторители, додека веќе е извесно дека до крајот на оваа година овој број ќе биде надминат.

Конференцијата ја прогласи за отворена Главниот јавен обвинител на Република Бугарија Иван Гешев, кој констатираше дека и земјите-членки на европската унија се соочуваат со потребата од реформи во правосудството, но и со реални опасности за владеењето на правото и основните демократски вредности.

„Оваа година со својот глас бугарските граѓани дадоа јасен знак кон претставниците на трите власти дека од нив очекуваат реформи и промени, кои ќе ги подобрат условите за живот и ќе придонесат за развој на Бугарија. Јавното обвинителство е подготвено да учествува во такви промени доколку нивната цел е да се одговори на очекувањата на општеството за поголема праведност“, рече Гешев.

На форумот учествуваа и претседателот на Комисијата за правни прашања на Европскиот парламент Адриан Лазара, претседателот на ЕUROJUST Ладислав Хамран, генералниот секретар на Меѓународната асоцијација на јавните обвинители Хан Мораал, како и високи претставници од обвинителствата на Шпанија и Италија.​

бугарско јавно обвинителство Јповески конференција он лајн Русковска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.