Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јовески и Васиќ ги предлага СДСМ за судии во Уставен суд, а ВМРО-ДПМНЕ Климовски, Живковска, Секулоски

0
By НОВА ТВ Mitreska on May 13, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Актуелниот јавен обвинител Љубомир  Јовески,Татјана Васиќ, државен советник во Министерството за правда и Фатмир Скендер, актуелен судија и поранешен секретар на општина Центар Жупа, како што дознаваме неофицијално ќе бидат предложени од СДСМ за членови на Уставен суд на денешната седница на Комисијата за избори и именување.

ВМРО – ДПМНЕ има шест предлози, професорите Саво Климовски, Родна Живковска,  потоа Бранко Секулоски, поранешен судија и претседател на Основниот суд во Гостивар, Весна Јовановска, судијка во Управен суд и Тодор Витларов, обвинител од Штип.

Уставниот суд со месеци е блокиран и работи само со четворица судии. Претседателката Добрила Кацарска неколку пати апелираше до Собранието да избере судии. Таа дури и преку писмо до претседателот на Собранието, Талат Џафери побара во најскоро време да се изберат нови четворица уставни судии за да не дојде до целосна блокада на Уставниот суд, откако и на судијката Вангелина Маркудова ќе и истече мандатот до крајот на годинава.

Во мај минатата година им истекоа деветгодишните мандати на уставните судии Елена Гошева, Никола Ивановски и Сали Мурати, а на 14 јануари годинава и на Јован Јосифовски.

Кадровскиот недостиг во Уставниот суд,  повлекува одложување на расправите, а имаше застој и во одлучувањето, за  11 предмети меѓу кои и за законите за Јавното обвинителство, за високото образование и за додатоците на пратениците, како и за Деловникот за работата на Владата.

С.М.

Собрание уставни судии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.