Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јовески: Треба да се преземат сите мерки за нема вакви несреќи

0
By НОВА ТВ on November 24, 2021 ПОЛИТИКА
aрхивска фотографија
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 24, 2021 20:48

До овој момент Обвинителството нема нови информации во врска со сообраќајната трагедија, ниту се договоривме да ни го доставуваат сите информации. Ние сме убедени во професионалноста на бугарските обвинители и дека ќе ги расветлат сите околности околу трагедијата, вели државниот обвинител Љубомир Јовески.

Во изјава за телевизија Телма, Јовевски потврди дека имало определени проблеми вчера нашите експерти од Судска медицина да влезат на обдукцијата, но тие се надминати и сега нашите претставници од Судска медицина работат на обдукциите.

– Ние уште вчера се договоривме со обвинителот кој ја води истрагата во Бугарија да обезбедиме биолошки траги од роднините на загинатите. Уште вчера во Институт за судска медицина беа собрани поголемиот дел од овие траги. Сабајлето бев информиран дека уште два-тројца членови на семејствата треба да дадат биолошки траги и очекуваме во текот на денешниот ден да заврши овој процес. Договорени сме со бугарскиот обвинител да прати истражители за да му ги доставиме примероците од ДНК анализите кои ќе се извршат во Скопје и кои ќе се споредат со податоците од обдукциите на починатите и ДНК анализите извршени во Софија, нагласи Јовевски.

Тој, како што рече, засега не може да каже кога ќе биде испраќањето на посмртните останки од Бугарија во земјава, но сепак, очекува дека тоа скоро ќе се направи.

На прашањето во однос на „Беса транс“, контролата на овој превозник, техникиот преглед и исправноста на автобусот, државниот обвинител одговори дека во овој момент не би ги коментирал определените факти и околности.

-Во текот на оваа постапка на истрагата што ја водат бугарските обвинители, покрај другото ние изразивме подготвеност да целосно да соработуваме за сите оние прашања, документи и податоци што им се неопоходни, потенцира Јовевски.

Додаде дека прво ќе се причека исходот од постапката во Бугарија, а потоа, зависно од сето тоа, ќе се процени и ќе се донесе соодветна одлука во Јавното обвинителство.

Според Јовевски, треба да се преземат сите мерки за да не доаѓа до вакви несреќи.

-Во делот на нашата надлежност сосема е јасно дека ќе ја причекаме постапката што се одвива во Бугарија зашто таму се испитуваат сите аспекти на конкретниот настан. Уште вчера соопштив дека одредена документација за возилото е обезбедна и ќе биде ставена на располагање на обвинителите во Бугарија, дециден е Јовевски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Падна Владата во Република Српска

March 16, 2026

Пленковиќ за новото оружје на српската армија: Нешто вакво никогаш не е видено во Европа

March 13, 2026

5.1 по Рихтер ја потресе централна Грција

March 12, 2026

Хорор во Швајцарија, шестмина мртви – во автобус човек се полил со бензин и се самозапалил

March 11, 2026

Земјотрес во Италија почувствуван во неколку европски земји

March 10, 2026
ФОКУС
March 16, 2026Updated:March 16, 2026

Нов брз удар по џебот на граѓаните – горивата пак поскапеа

ВЕСТИ March 16, 2026

Значително поскапување на горивата стапува на сила од ноќеска на полноќ, откако Регулаторната комисија за енергетика донесе…

Молитва за упокоените, гласна тишина и шеесет и три столчиња во Паркот на револуцијата во Кочани

March 16, 2026

Една година од несреќата во Кочани: „2 часот и 32 минути. Во ‘Пулс’. Во тој миг 63 млади срца престанаа да чукаат меѓу нас“

March 16, 2026

Генералниот секретар на ИТУЦ до Мицкоски: Загрижени сме за притисоците врз синдикатите

March 15, 2026
ТИКЕР

Падна Владата во Република Српска

March 16, 2026

Пленковиќ за новото оружје на српската армија: Нешто вакво никогаш не е видено во Европа

March 13, 2026

5.1 по Рихтер ја потресе централна Грција

March 12, 2026

Хорор во Швајцарија, шестмина мртви – во автобус човек се полил со бензин и се самозапалил

March 11, 2026

Земјотрес во Италија почувствуван во неколку европски земји

March 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.