Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јовески: Во автобусот на „Беса Транс“ имало празни пластични канти за гориво, немало експлозив

0
By НОВА ТВ on November 25, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Фото: ТВ21
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 25, 2021 23:52

Шефот на Јавното обвинителство, Љубомир Јовески, сподели дека во изгорениот автобусот на „Беса Транс“ имало пластични канти наменети за гориво, но тие биле празни.

– Неспорно е дека имаше пластични канти наменети за гориво, но тие беа празни и не беа засегнати од пожарот, рече републичкиот обвинител Јовески во гостување на ТВ21.

На прашањето каде се наоѓале тие канти, Јовески рече дека кога тој пристигнал тие биле покрај возилото.

– Истражителите ми објаснија дека тие се наоѓале во еден простор, кој што во моторот на автобусот, под тој простор се наоѓа акумулаторот и над него биле сместени овие празни канти, рече Јовески.

Тој за несреќата отфрла било каква можност со поврзување на терористички акт.

– Слушнавте од обвинителот дека се исклучува можноста да станува збор за терористички акт. И тоа сигурно не го кажува од лични впечатоци, туку врз основа на извршена експретиза. Ако е терористички акт многу лесно се утврдува. Останува трага од експолозивот и на автобусот и на телата, вели Јовески.

Републичкиот обвинител открива дека според едни сознанија запалениот автобус сообраќал трет по ред од вкупните четири автобуса, а други сознанија се дека автобусот бил последен во редот. Но, сето ова ќе го утврдуваат бугарските истражни органи.

Јовески додаде дека очигледно не биле запазени сите процедури од агенцијата „Беса Транс – Скопје“. Иако обвинителството наредило да се заплени целата документација на превозникот, но тие ги известиле дека списоците ги немаат на писмено.

– Со самиот факт што автобусот ја напуштил територијата на Македонија без да има валидна документација, во делот на лиценцата, укажува дека до крај во рамките на дејноста на оваа туристичка организација не се запазувани сите процедури, рече републичкиот обвинител, Љубонир Јовески во гостување на ТВ21.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

ВЕСТИ June 25, 2026

Земјотресите што ја погодија Венецуела се најсилните регистрирани во земјата во повеќе од сто години,…

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.