Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЈСП: Новиот е-систем функционира скоро беспрекорно

2
By Нова ТВ on January 27, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 27, 2017 16:35

Системот функционира, со исклучок на одредени проблеми и ситни работи кои се појавуваат, скоро беспрекорно, рече на денешната прес конференција, директорот на ЈСП, Игор Јанушев за проблемите во градскиот превоз.

Според Јанушев, најголема штета за превозот била направена со погрешното информирање на медиумите поради што граѓаните биле доведени во заблуда, додека системот функционирал речиси беспрекорно.

Како неточни и дезинформација ги отфрли информациите дека цените на билетите на ЈСП ќе се покачат од февруари. Според него, билетот повторно ќе чини 35 денари, додека рокот од 15 дена за билетите за 10 возења кои чинат 250 денари имаат рок на траење од 15 дена, исто како и претходно.

Тој на денешната прес конференција, апелираше до корисниците на градскиот превоз да не ги фрлаат неперсонализираните картички, туку истите да ги надополнуваат со средства во продажните места на ЈСП.

Во 2016-та година вкупно се продале 33 илјади картички и врз основа на тоа ЈСП правеле анализи колку картички треба да имаат подготвено за да се дочека 2017-та година, кога во системот се вклучија и приватните превозници.

„За таа цел беа спремни повеќе од 150 илјади картички, 30 илјади се продадоа во првите три дена на јануари. Не можевме ова да го очекуваме, ниту можевме да направиме анализа врз основа на претходно продадените картички од претходната година. До крајот на првата недела од јануари, бројот на продадени картички во следните денови се искачи на 80 илјади и заклучно со вчерашниот ден имаме продадено околу 140 илјади картички. Залиха на картички имаме и неколку пати во денот се доставуваат до сите продажни места“, истакна Јанушев.

Сепак ова не објаснува зошто во многу автобуси и продажни места одреден период се појави недостаток на картички за продажба, ако ЈСП има залиха на картички. Од компанијата Телеком, која исто така е вклучена во изработка на е-системот за градскиот превоз за НОВА потврдија дека тие изработиле 400 илјади електронски картички.

„На годишно ниво превезуваме повеќе од 50 милиони патници, повеќе од половината ланската година се возеле со е картичките и ги валидирале и надополнувале. Системот функционира и бројките и статистиките го покажуваат тоа. Секогаш, особено на почетокот нормално е да се појават одредени проблеми, бидејќи системот е многу комплексен и се она што се јавува како недостаток веднаш го отстрануваме“, рече Јанушев.

Ќе се плаќа и преку ОнеВип и онлајн

Тој за телефонското плаќање најави дека наскоро во системот ќе се вклучат и „ОнеВип“, откако во јавноста имаше жалби дека може да се плати преку телефон само со „Т-мобиле“. Наскоро според Јанушев ќе биде воведен и онлајн систем за надополнување на картичките.

По објавите во медиумите дека повеќе продажни места не функционираат, Јанушев се правдаше дека се работело за неколку исклучоци, околу пет или шест продажни места каде нема трансакции од разни причини.

„За да излеземе во пресрет ќе отвориме нови 81 продажно место во Скопје, со што вкупната бројка ќе се искачи на околу 160 продажни места каде граѓаните ќе може да купат или надополнат е-картичка“, додаде тој.

Тој информираше дека доколку некој ја изгуби персонализираната е-картичка, лицето треба да дојде во една од центрите на ЈСП Скопје да го пријави истото и да биде блокирана картичката. Средствата кои ги имал ќе може да ги користи на новата картичка, но за изработувањето на истата треба да плати 200 денари. Доколку изгубената картичка не е персонализирана, потребно е да ја чува фискалната сметка и исто така картичката може да се блокира и средствата да се запишат на нова картичка.

На прашањето на НОВА за тоа каде се наоѓа фирмата „Гентомар“ која го добила тендерот од ЈСП за да стане мастер дилер за продажба и надополнување на е-картичките за градскиот превоз, директорот на ЈСП одговори дека не знае каде се наоѓа фирмата.

„Фирмата не е моја, јас не знам која е фирмата, односно знам која е фирмата, но не знам каде се наоѓа или која е адресата на која може да ја најдете“, рече Јанушев.

НОВА претходно објави дека „Гентомар“ е тешко е да се пронајде на Интернет, како и на адресите кои за неа се достапни во Централниот регистар и Електронскиот систем за јавни набавки. Ја баравме на повеќе адреси кои ги посетивме, но не можевме да ја пронајдеме за да поразговараме за новиот е-систем кој го имаат автобусите. Ја нема ниту во телефонскиот именик, каде не може да се најде телефонски број за контакт.

Во две стории пишувавме за изборот на компанијата, проблемите во градскиот превоз и за тоа дека градот нема доволно пунктови за полнење на електронските картички со нови средства. Одговорни за поставување локации на кои граѓаните ќе може да купат или надополнат автобуски билети се „Телеком“ и мистериозната „Гентомар“, кои добија тендери од ЈСП за новиот е-систем.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.