Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер се пласира во третото коло на Ју-Ес опен по победата со пресврт над Дамир Џумхур од БиХ со 3:6, 6:2, 6:3, 6:4 по 142 минути игра.
Второто коло на гренслемот во Њујорк го минаа и Кеи Нишикори и Григор Димитров кај мажите и Каролина Плишкова, Елина Свитолина и Медисон Киз. Тениските мечеви на Флешинг Медоу моментно се во прекин поради дожд.
Резултати од 2 коло на Ју-Ес опен
Мажи
Федерер (3., Швајцарија) – Џумхур (БиХ) 3:6, 6:2, 6:3, 6:4
Нишикори (7., Јапонија) – Клан (САД) 6:2, 4:6, 6:3, 7:5
Димитров (Бугарија) – Чориќ (12., Хрватска) / Чориќ го предаде мечот
Жени
Ка. Плишкова (3., Чешка) – Болквадзе (Грузија) 6:1, 6:4
Свитолина (5., Украина) – В. Вилијамс (САД) 6:4, 6:4
Киз (10., САД) – Жу (Кина) 6:4, 6:1